ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Потрошениот шарм на Захариева

Бугарите деновиве повторно се најдоа „изненадени“ од предложените корекции во Извештајот за РСМ што треба да се гласа во Европскиот парламент, во чиј амандман се критикува бугарската актуелна политика кон Македонија. Во суштина, повторената порака – дека „се осудуваат неодамнешните провокативни изјави на членови на бугарската влада (се мисли токму и на г-ѓа Захариева – м.з.) во однос на историските прашања кои ја засегаат Северна Македонија и се противречни со духот на Договорот за добрососедски односи со Бугарија“ и дека се поздравува „зрелиот и балансиран одговор на тие провокации од владините претставници во Северна Македонија“ – е дека балканскиот инает не е добар рецепт за остварување на стратегиските интереси на Унијата на овој дел од континентот.

March 24, 2021 08:41
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ

Личниот придонес на бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, за влошувањето на македонско-бугарските односи е толку голем, што ги надминува вообичаените очекувања од еден министер кој се труди да ја спроведува официјалната надворешна политика на својата земја.

Веројатно еден од елементите за таквото неприлично однесување е објективното потфрлање на нејзиниот ресор рустикалната антимакедонска политика да најде барем минимална поддршка кај евро-атлантските сојузници на Бугарија. Тој дебакл ја изложува на остра критика, па и потсмев, кај бугарската опозиција и кај еден интелектуален дел од бугарската јавност. Тоа ја тера на сè порадикални ставови и непристојности од типот на еден националистички кабадахија и провокатор каков што е Каракачанов.

Но, доволно долгата дипломатска традиција на една релативно мала земја каква што е Бугарија – не зборувам за бугарската политика во минати времиња и режими, а и лично познавам неколку врвни бугарски дипломати со чии способности и многу поважни и поголеми држави во светот би се гордееле – не може да си дозволи од првиот човек на софиското МНР ваков неквалитетен „третман“ на прашање што самите го дефинираат како нивен „национален интерес“. Тој интерес (во суштина, за ексклузивно толкување на регионалната историја) им е толку голем, што се подготвени да си ги нарушат односите и со други балкански држави, па дури и со (моментните) стратегиски партнери, човек да помисли дека самиот опстанок на Бугарија зависи од тоа…

Па, сепак, Бугарите деновиве повторно се најдоа „изненадени“ од предложените корекции во Извештајот за РСМ што треба да се гласа во Европскиот парламент, во чиј амандман се критикува бугарската актуелна политика кон Македонија. Во суштина, повторената порака – дека „се осудуваат неодамнешните провокативни изјави на членови на бугарската влада (се мисли токму и на г-ѓа Захариева – м.з.) во однос на историските прашања кои ја засегаат Северна Македонија и се противречни со духот на Договорот за добрососедски односи со Бугарија“ и дека се поздравува „зрелиот и балансиран одговор на тие провокации од владините претставници во Северна Македонија“ – е дека балканскиот инает не е добар рецепт за остварување на стратегиските интереси на Унијата на овој дел од континентот.

Захариева (чие потекло е од Пазарџик кој, патем, до 1934 година официјално се викаше Татар Пазарџик, бидејќи е основан во 15 век од Татарите, на левиот брег на реката Марица) е на чело на бугарската дипломатија неколку месеци пред потпишувањето на бугарско-македонскиот Договор за пријателство, добрососедство и соработка на почетокот од август 2017 година. Таа не може да каже дека „наследила“ важечки билатерален договор меѓу две земји што бил лошо составен или со чија содржина и намери лично не се согласува(ла).

А, сепак, само неколку години по неговото потпишување, Захариева сега бара негово менување, дополнување, дообјаснување… Со текот на времето, аргументите за тоа Захариева ги „штелуваше“ неконзистентно и често сензационалистички, а неколку од тие недипломатски и не многу интелигентни бравури ќе останат за паметење (оние вињети за Тито, за Југославија, за фашизмот и сл. имаат трајна хумористична вредност).

Сега бугарската аргументација главно е сведена на анегдотални цитати од антибугарскиот простотилак што се лее по македонските социјални платформи… Но, европските колеги на Захариева не се многу импресионирани од кочењето на регионалната проевропска политика поради тоа што на Фејсбук, навистина, се распламти антибугарска кампања во Македонија, додуша откако Захариева и Каракачанов полеаја неколку танкери антимакедонска нафта врз пламенчињата што ги потпалуваа нивните овдешни „колеги по оружје“, македонските националшовинисти.

Сè на сè, Захариева не се прослави во врска со „македонското прашање“ ни во Софија ни во Брисел, а за Скопје дума да не стане! А дали по изборите во Бугарија таа ќе продолжи да го води надворешниот ресор на земјата, е прашање за кое никој во моментов не може да има одговор. За нас, секако, некој кој нема таква антимакедонска пизма би било подобро решение од мадам Захариева. Инаку, останавме со македонско-бугарските односи на милоста и немилоста на Фејсбук…


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Пратениците донесоа неколку законски измени по скратена постапка

May 15, 2025

Мицкоски по средбата со Кошта: Заеднички достоинствено да го одблокираме евроинтегративниот процес, тој се темели на вредности, не на билатерални прашања

May 15, 2025
Костадин Костадинов. Фото: Општина Струмица

Костадинов: Владата на ВМРО ДПМНЕ има душмански пристап кон Струмица и струмичани

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

    ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И Латас се вклучи во кампањата на вмровските ботови за ширење на фотомонтажа од „визите“ на Заев и Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk