ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Слободен печат“: Пронајдени и одземени 4 пиштоли од станот на Груевски во Скопје

March 24, 2021 16:12
in ДЕНЕС, ПРАВДА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

При вчерашниот претрес по налог на Јавното обвинителство во стан во Скопје на поранешниот премиер Никола Груевски, пронајдено е и одземно оружје, дознава „Слободен печат“ од извори во Обвинителството.

Станува збор за 4 пиштоли за кои Груевски немал дозвола по што тие се подигнати и ќе бидат предмет на натамошна истрага, дознава „Слободен печат“.

Според шефицата на јавното обвинителство Вилма Русковска, вчера полицијата и обвинителството извршија претрес во објектите за кои дополнително се обезбедени материјални и вербални докази дека се сопственост на Никола Груевски.

Јавното обвинителство на РСМ вчера кратко соопшти дека по барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција  извршиле претрес во повеќе објекти. „Претресот е во рамки на истражните дејствија во предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно“. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжува во континуитет да презема дејствија во насока на целосно расчистување на предметот“.

Не е прецизирано за колку објекти станува збор, но неофицијално се работи за 4 станови, два на улицата „Бихаќка“, на име на Надежда Груевска како и еден во Капиштец и еден во Аеродром.

Истрагата ја води обвинителката Лиле Стефановска во рамки на случајот „Плацеви на Водно“ во кој екс премиерот Груевски е првоосомничен дека со пари кои во партијата ВМРО-ДПМНЕ се слевале од членството, купувал плацеви на Водно,  преку фирмата на неговиот поранешен кум Ристо Новачевски кој е третоосомничен во овој случај. Истрагата за перење на пари ги товари и Сашо Мијалков и Орце Камчев како второ и четвртоосомничени, поради што пред две недели во притвор се најде и богатиот бизнисмен. Неговата мајка Ратка Камчева е исто така меѓу осомничените во случајот.

Груевски кој последниве две и пол години ужива азил во Будимпешта преку Фејсбук го негираше постоењето на имотот кој овие денови е предмет на обемна истрага.

Next Post

Ангела Меркел најави порестриктивни мерки во Германија во пресрет на Велигден

НАЈНОВО

Фото илустрација, генерирано со ВИ

Ново истражување сугерира дека ширењето на универзумот не се забрзува, туку забавува

November 6, 2025
Скриншот

Трамп: Светот би бил во депресија без американските царини

November 6, 2025

Концерт на Националниот џез оркестар и американскиот состав „Yellowjackets“ во НОБ

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk