ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вистиномер: Фејсбук пост дезинформира дека руската вакцината се набавува преку Србин со полициско досие

March 24, 2021 11:11
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Тврдењето дека македонските власти за посредник при набавка на вакцината Спутник V именувале Србин кој живее во Швајцарија и кој има полициско досие во Србија, е невистинито. Ова беше демантирано и од Руската амбасада во Скопје и од Министерството за здравство од каде што нагласуваат дека набавката на вакцината се одвива во директна комуникација со Рускиот инвестициски фонд во Москва, пишува Вистиномер.мк, пренесува Мета.мк.

Објава на социјалната мрежа Фејсбук ја дезинформира јавноста за тоа како македонските власти ја набавиле руската валцина Спутник V. Во постот се тврди дека „Владата во Скопје молчи за најновиот потенцијален скандал“, а во поткрепа на ова е линкуван текст со наслов:

Македонија чека вакцини од швајцарски Србин со полициско досие

Но, ваквото тврдење искажано во насловот и во постот не е точно. Истото беше демантирано од два извора – од Министерството за здравство и од Руската амбасада во Република Северна Македонија.

Написот повикувајќи се на телевизијата „Ал Џeзира Балканс“ наведува дека

Македонските власти за посредник при набавка на руските вакцини го именувале Никола Лакушиќ, Србин кој живее во Швајцарија и кој има полициско досие во Република Србија.

Текстот пренесува и дека Лакушиќ за телевизијата изјавил оти има договор со Рускиот инвестициски фонд, со кој гарантира испорака на вакцината Спутник V за Македонија, БиХ, Алжир и Бугарија.

И само врз основа на објавата на „Ал Џезира“, без никаква друга проверка, текстот  тврди дека личност со криминално досие во Србија е посредник во набавката на „Спутник“ за Македонија. Потоа истата (дез)информација ја шири и на социјалната мрежа Фејсбук со назнака дека властите „молчат за најновиот потенцијален скандал“.

Набрзо по ваквите објави Министерството за здравство во соопштение до јавноста информираше дека набавката на вакцината Спутник V од самиот почеток се одвива во директна комуникација со Рускиот инвестициски фонд во Москва и нема никаков посредник во комуникацијата.

Министерството за здравство  во целост ги демантира лагите и дезинформациите објавени на неколку медиуми дека Република Северна Македонија преку „посредник – српски државјанин“, ја набавила вакцината против ковид-19, Спутник V производство на рускиот Центар „Гамалеја, се вели во демантот од Министерството за здравство

Оттаму наведуваат дека првите 3.000 дози вакцини пристигнаа веднаш откако Министерството го потпиша договорот за набавка на 200.000 вакцини од производителот на вакцината Спутник V. Министерството за здравство вели дека нема провизии за ниту една набавка на вакцини против ковид-19.

За набавка на вакцини против Ковид 19, без разлика дали станува збор за Спутник V, Синофарм, Астра Зенека или Фајзер, или Ковакс механизмот, нашата држава ја плаќа цената на вакцината понудена од производителот. Министерството за здравство уште еднаш потенцира дека нема провизии за ниту една набавка на вакцини против ковид-19. Ваквите лажни вести имаат за цел намерно да го нарушат процесот на набавки на вакцини. Министерството за здравство ја цени и поддржува слободата на медиумите, истражувачкото и критичко новинарство, но укажуваме информациите до кои доаѓаат медиумите сериозно да ги проверуваат, како би се избегнало ширење на лажни вести, велат од Министерството

И Руската амбасада во Македонија ја демантираше веста дека вакцината „Спутник V“ во земјава пристигнува преку посредник:

Амбасадата не ги коментира изјавите на поединечни лица, без оглед на тоа колку се фантастични. Во исто време, земајќи ја предвид посебната важност на ова прашање за граѓаните на Северна Македонија, овој пат ќе направиме единствен исклучок – немаше и нема да има никакви посредници во набавката на вакцини за РСМ: Сите преговори се водеа директно помеѓу Рускиот фонд за директни инвестиции и Министерството за здравство, и токму на овој начин беа постигнати конечни договори, велат од руската амбасада во Македонија за ТВ „Сител“

Имајќи ги предвид демантите од Министерството за здравство и од Руската амбасада, тврдењето искажано во постот што го рецензираме: „Македонија чека вакцини од швајцарски Србин со полициско досие“, го оценуваме како невистинито.

Next Post

Сведокот Кухар сведочеше против Бојан Јовановски, го обвини за измама на 250 илјади евра

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk