ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Одговорно тврдам дека не се вакцинирани владини функционери, ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести

March 25, 2021 21:39
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Министерот за здравство д-р Венко Филипче вечерва во Собранието одговарајќи на прашање на паретник од партијата ВМРО ДПМНЕ, ги отфрли обвинувањата дека владини функционери преку ред се вакцинирале против Ковид 19. Филипче посочи дека вакцинацијата во земјата се води исклучиво според Националната стратегија за имунизација и никој не го злоупотребил процесот.

– Националната стратегија за имунизација е правена врз основа на светски критериуми, консултирани се меѓународни организации, СЗО, други развиени европски земји и можам да ви кажам дека сме една од ретките земји во која целосно се вакцинирани здравствените работници коишто работат со ковид пациeнти пожртвувано 24 часа на ден, цела измината година посебно сега кога цела Средна Европа е зафатена со многу силен бран со Ковид 19. Знам дека сакате да не успееме во нашата борба за да освоите некој евтин политички поен, меѓутоа ќе ве разочарам ние оваа борба ќе ја добиеме. Се што значи дозволен пристап на податоци на што самите граѓани ќе се сложат да ги отстапат, од нивното здравствено досије, дојдете и земете ги. Одговорно ви кажувам дека не е вакциниран ниту еден функцинер, ниту еден министер во владата, ниту еден директор.
Списоците се регрутирани од страна на сите јавни здравствени установи во коишто се лекуваат или прегледуваат пацинети со ковид, понатаму болници, клиники, здравствени домови, приватни здравствени установи, приватни стоматолошки установи, матични лекари и тоа е единствениот начин на којшто луѓето се вакцинираа. Слободно дојдете, јас уште утре ќе проверам што е тоа што може да се даде како податок. Што се однесува до мене лично буквално сите податоци и списоци ќе ги добиете, доколку луѓето се согласат да ги дадат тие податоци. И уште еднаш ќе се покаже дека оваа лага ќе ви падне во вода. Дојдете да видите како се борат здравствените работници вистински лавовски – рече Филипче.
Министерот порача дека ВМРО ДПМНЕ од почетокот на пандемијата се обидува да го поткопа здравствениот систем со лажни вести и клевети.
-Уште еднаш го покажувате вашето вистинско лице, а тоа е дека само лажете клеветите и ширите лажни вести. И додека целиот свет се бори, и е во војна исто како нас, да стигне до вакцините, вие сте на спротивната страна. Ние се бориме и за вакцините, меѓутоа се бориме и против лажните вести  коишто вие ги ширите. Вашиот претседател Христијан Мицкоски во еден статус, кажа дека е многу задоволен од третманот на Инфективната клиника, додека заткулисно ги поткопувате сите можни обиди да се зајакне здравствениот систем во оваа криза којашто го снајде целиот свет. Блокирате закони, да ве потсетам за блокирањето на Законот за задолжување заради што каснеа модуларните болници, опремата и сето тоа што значеше поддршка за целокупниот здравствен систем во изминатиот период. Да не го спомнувам и Законот за клинички центар, којшто го блокиравте со 2000 амандмани, се со цел да не дозволите натамошен развој на здравствениот систем во нашата земја – рече Филипче во Собранието.
Next Post

Заев: Јавното здравство е достапно за сите, болните од коронавирус не плаќаат ништо, да не се печалат политички поени со поигрување на чувствата на граѓаните

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk