Општина Аеродром објави јавен повик за изработка на проект за изведба на трим-патека со хортикултурно и партерно уредување во срцето на Аеродром, односно во непосредба близина на поранешната слаткарница „Стела“.
Патеката е планирано да биде со должина од 550 метри и широчина од 2,7 метри, а ќе има две чешми и соодветно осветлување.
Од Општина Аеродром информираат дека понудите треба да се достават преку електронскиот систем е – урбанизам во рок од 15 календарски дена од денот на објавувањето на јавниот повик.





