Софтверот за сообраќај е набавен низ регуларна јавна набавка, не е прекршена ниту една процедура, вели Заев. Создаден е за различни камери, не фаворизира ниту еден хардвер и може да регистрира широк спектар на разни сообраќајни прекршоци. Претставува автоматизиран систем што го елиминира човечкиот фактор при одлука за санкционирање на сообраќаен прекршок и со оваа функционалност значајно ќе го подобри регулирањето и почитувањето на сообраќајните правила, рече Заев.
Николовски до Велјановски: Заврши времето кога имаше еден судија, еден обвинител, правдата е тука сега и секоја институција постапува согласно законските надлежности. Вицепремиерот Николовски му порача на пратеникот Велјановски, дека како членови на ВМРО ДПМНЕ се должни да дадат став за „Плацевите на Водно“ каде што ВМРО ДПМНЕ е оштетена со 1,3 милиони евра.
Освен од бугарските пратеници од десницата, широка поддршка за Северна Македонија во ЕП. Европратеничката Тинеке Стрик, од групата на Зелените, нагласи дека Северна Македонија направи длабоки и често болни реформи за да дојде до ова и потсети дека останува да се направат напори во многу области како правата на жените, на малцинствата, корупцијата и владеењето на правото, и дека земјата покажала волја за соработка со соседите.
Богојески: Зошто Апасиев се шашардиса кога му поставија прашање за Орце Камчев?. Крадени народни пари од олигархиската мафија во чебот на Клисарот!? Вие пак продолжете со “браво професоре ти си спасот” и со “бојкот на пописот”… не отварајте врата, зашто на вас ќе ви ја затворат, а на Орцето ќе ја отворат!“, напиша Богојески.
Митрески: Три дена опозицијата покажува наводна загриженост за граѓаните, за денеска да видиме дека поважни им се пратеничките прашања. Митрески истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се однесуваше деструктивно и кога се носеше Буџетот за 2021 година и правеше се тој да не биде донесен, а државата да мора да функционира преку времено финансирање.
Заев-Џафери: Парламентарната дебата останува во Собранието помеѓу пратениците и тука треба да продолжи и да се изнајде соодветно процедурално решение за работата на Собранието.
Царовска: Со нови законски решенија и зајакнат социјален дијалог го намалуваме недостигот на вештини на пазарот на труд. Со Законот се унапредува и постапката за верификација на посебните програми и за верификацијата на институциите, а двете постапки се целосно само во надлежност на Центарот за образование на возрасни. Согласно Законот, Центарот ќе биде должен да донесе решение за верификација во рок од 30 дена. За олеснување на процедурите за обезбедувачите на услуги за образование на возрасни, се зголемува периодот на траењето на верификациите од три на пет години, а се воведува и реверификација, рече Царовска.
И. Т. З.