ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Радмила од Богданци и Мартин од Битола, лица со оштетен слух го отворија во Битола првото знаковно кафуле

March 25, 2021 12:37
in ДЕНЕС, МОЗАИК, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Радмила Периќ и Мартин Ангелов, кои минатата година  отворија кафуле во Скопје, заради пониски трошоци, а и заради градот кој е познат по културата на пиење на кафе, го преселија истото во родниот град на Мартин, Битола.

Кафетеријата „Улав сте“ е лоцирана покрај реката Драгор, на почетокот од Старата битолска чаршија. И ако некогаш престојувате во Битола, влезетe во него. Ќе ве пречекаат гостопримливи сопственици и интересно мени. Станува збор за прв кафе бар во државава во кој домаќините се лица со оштетен слух, и со своите гости комуницираат на знаковен јазик. Оштетениот слух не им беше пречка на Радмила и Мартин да го остварат својот сон, туку предизвик да покажат дека промените ги правиме сами, без себеограничување.

Ова е место кое ќе ви понуди нешто сосем поинакво од она на што сте навикнати. Имено, вработените се со оштетен слух, што ќе ве натера да почнете да комуницирате со гласовен јазик. Доколку не го знаете, имате шанса да учите, зошто менијата се направени така да ви објаснат како да нарачате.

– Оваа одлична идеја има и племенита цел, а тоа е да им се даде шанса на лицата со оштетен слух да работат, но и да ги научат другите по нешто за нивната комуникација и за нивниот тивок свет.
Фантастичен пример кој треба да покаже дека дека лицата со хендикеп треба да бидат отворени за промени и да не се повлекуваат во својот свет. А општеството да даде поддршка и да не ја користи онаа позната административна реченица “Немате шанса како глуви луѓе да се занимавате со бизнис”,  ќе раскаже Мартин.

Оштетениот слух кај него и Радмила, не беа пречка за да развијат одредена бизнис-идеја. Размислуваа помеѓу кафетерија, фарма за животни или нешто трето.

Пред повеќе од една година оваа идеја ја развија во Скопје, но решија да се преселат во Битола. Така што навистина сме среќни што токму нашиот град го добива првото знаковно кафуле.

– Нема да пишеме ништо, затоа што немаме зборови за да го опишеме она што го правиме. Благодарни на сите вас, што сте наша поддршка, што не охрабривте и што ја споделивте љубовта ваша кон нас, да сме еднакви луѓе со оштетен говор и слух. Овој пат одиме појако, посилно и достоинствено во нашата Битола, сместени покрај реката Драгор, над Ленски Мост и на нашите битолчани им го носиме најубавото кафе од Наполи, Италија …. кафето Kimbo., стои на нивната објава по социјалните медиуми.

извор: Слободен печат

 

 

Next Post

Собранието ја почна 36. седница, а не седницата за пратенички прашања

НАЈНОВО

Скриншот

Ердоган: Турција влезе во нова фаза од напорите за прекин на насилството на курдските милитанти

November 5, 2025
МИА

Одбраната на Онкологија: Зошто лекарите не се обвинети и за давање и примање на поткуп, а Обвинителство оди со сведоци што кажуваат такви непоткрепени бомбастични работи

November 5, 2025
Фото: СДСМ

ЕУ испрати јасна порака, со ВМРО-ДПМНЕ Македонија назадува во сите сфери, истакна Филипче

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk