ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Рингишпил на евтината демагогија

March 25, 2021 10:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Го разбирам аргументот на загриженост дека попис не треба да се прави во време на пандемија, со драстично влошени статистики во изминатите десетина дена на новозаразени и починати во Македонија. Ризици постојат и важноста на пописните протоколи не смее да се потценува.

Но, кога на тоа ќе се додаде дека, така спроведен попис, се прогласува како проект за „отпис на Македонците“ или дека е резултат на заговор помеѓу Заев и Ахмети за фалсификување на пописните резултати – тоа нема никаква смисла едно со друго! Освен ако не сте активно вклучен во повиците за бојкот на пописот, па манипулирате со здравствените аспекти на таа операција и сопствените политички фрустрации за тоа што можат да покажат пописните статистики во вашата еднодимензионална етничка преокупација. Таквата позиција е јасна политичка демагогија во која противниците на пописната статистичка операција ги злоупотребуваат здравствените грижи во јавноста, за да постигнат некакви свои политички цели. Тоа треба да е јасно.

На таа политичка неконзистентност се надоврзува блокирањето на „карантинскиот“, а не на политичкиот кворум за работа на Собранието од страна на опозицијата, која не прифаќа негова онлајн работа – а самите велат дека ни попис не може да се направи заради опасноста од ширењето на заразата. Логично би било, ако се намерите конструктивни, да се бара одлагање на пописот, со итно прифаќање на онлајн функционирање на законодавниот дом, за да се надмине политичката блокада од пандемијата, во натпартиски интерес на јавноста. Но, не, бидејќи и на тоа ниво функционира истата демагогија.

Дополнително, во услови на опасност од пандемијата и со активна злоупотреба на здравствените состојби за блокирање на Собранието, опозицијата излезот го бара во – „Вонредни избори веднаш!“… Па, ако не треба попис да се прави заради вирусот, како тогаш барањето за вонредни избори е помала здравствена опасност од спроведувањето попис?! Така – бидејќи и на тоа ниво функционира истата демагогија.

И зошто, со примена на истата нелогична политичка деструктивност, е проблем да се повика (наместо активно да се обесхрабрува) македонската дијаспора електронски да се попише, од топлината на своите домови ширум светот, што има 0% ризик од вирусна зараза?!

И уште малку дополнително: за надминување на состојбите на поделености и блокади, актуелниот премиер (вешто-невешто, тоа е друго прашање) ѝ нуди на опозицијата создавање на „обединувачка влада“ (дури се нуди, под одредени услови, и самиот да отстапи од премиерската функција), за што опозицијата, in flagranti затечена во сопствената демагогија и неснаоѓање, инстантно одбива дури и да разговара за таквата можност и бара – „Избори веднаш!“… Во услови на пандемија и голем здравствен ризик, како што тврди самата, за спроведување попис.

Тоа е рингишпилот на демагогијата на кој се врти опозицијата години наназад, чијашто единствена платформа за делување е да ги отежне состојбите во државата до максимум, бидејќи смета дека колку што се состојбите полоши, толку ѝ се шансите поголеми за „вонредно“ да се врати на власт.

Лагодна е таа позиција да се биде неодговорен за ништо, дотолку повеќе што состојбите во голем дел од светот се без преседан во сите сфери на функционирањата на општествата. Општа е согласноста дека економските, социјалните, здравствените, меѓународните предизвици за опстанок на државниот и демократски светски поредок се најголеми од Втората светска војна наваму. Нема потреба за дополнителни елаборации, погледајте ја само актуелната војна што се води за тоа кој ќе заграби, па дури и украде повеќе вакцини на штета на другите – се нарушуваат правила и принципи со децении градени во сојузнички системи и организации, само за да се преживее. Однесувањето на ЕУ, на пример, е ужасно хаотично, несолидарно, непринципиелно.

Македонија не е никаков исклучок од светската криза. Колку е сегашната власт во состојба да се носи со тие комплексни предизвици, е предмет на разбирливи, секојдневни јавни дебати. Политичкото резиме на тие оценки ќе се види на следните избори, кога мнозинството во Собранието, на начин уреден со закон, ќе реши дека треба да ги распише.

Но, опозицијата како да заборава дека на тие избори ќе се провери и кредибилитетот на оние кои сесрдно и искрено одмагаат за подобрување на состојбите. И таа „графа“ ќе биде предмет на оценка на гласачите, особено што нејзината „содржина“ е неспоредливо полесна од тоа, всушност, да ги решавате проблемите. Бидејќи, да имате очигледен уплав од тоа дека државата, и покрај огромните размери на кризата, функционира, и да сте во паника заради тоа што работите можат да се подобрат – тоа е лоша инспирација за занимавање со политика, а уште полоша амбиција за победа на избори.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

Повици на УНЕСКО за номинации за наградите за образование на девојки и жени и за популаризација на науката за 2021 година

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk