Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гевгелија денеска почна да работи на расчистување и средување на локацијата покрај регионалниот пат кон Негорци, во близина на селото Мрзенци, каде под мостот на Мрзенска река имаше дива депонија.
Расчистувањето е на иницијатива на општината,на која континуираното подобрување на квалитетот за живеење и зачувувањето на животната средина се меѓу главните приоритети.
– Локацијата ќе ја уредиме хортикултурно и ќе ја оплемениме со урбана опрема за да ја претвориме во место за одмор и рекреација, затоа што граѓаните имаат право на здрава животна средина, а локалната и централната власт се тие што обезбедуваат услови. Се надеваме дека по уредувањето на локацијата, граѓаните ќе продолжат да го чуваат и унапредуваат еко системот, велат од Општина Гевгелија.
извор: МИА