ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Ќе има тет-а-тет средба меѓу Заев и Мицкоски, според Јовановиќ, Апасиев е паразит и штетник со една цел, а тоа е да го сруши системот одвнатре, во недела пристигаат 24.000 вакцини АстраЗенека

March 26, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Заев ja прифаќа понудата на Мицкоски – ќе има тет-а-тет средба. Да разговараме за сите оние проблеми кои се од животно значење. Од кризата со пандемијата до работата на парламентот. За се она што отворено во моментов и стои на маса, вели Мицкоски.

Апасиев е паризит и штетник. Влезе во системот, што значи влезе во Собранието, влезе во законодавниот дом. Оттаму, неговата активност е само со една цел: да го подрива системот однатре, на ист принцип како што го прават пратениците на Мицкоски. Го рушат системот однатре, пишува Ненад Јовановиќ.

Оваа недела на 28 март, во 07:55 часот во Скопје пристига првата пратка од 24.000 вакцини на Астра Зенека преку Ковакс системот, соопшти министерот за здрвство Венко Филипче на социјалните мрежи.

Можен е договор со Мицкоски за користење отпечаток од прст на изборите и вакцинирање на попишувачите, вели Премиерот Заев. маме многу што да разговараме, но секако најважно е да седнеме низ дијалог да изнаоѓаме решенија затоа што постоиме да им служиме на граѓаните, рече Заев.

Филипче ги отфрли обвинувањата дека владини функционери преку ред се вакцинирале против Ковид 19. Тој посочи дека вакцинацијата во земјата се води исклучиво според Националната стратегија за имунизација и никој не го злоупотребил процесот.

Заев очекува вакцинацијата да биде масовно прифатена од граѓаните, бидејќи, како што рече, тоа е единствениот начин да се стави крај на пандемијата. Вакцините се безбедни, вели премиерот, а тоа се покажало од искуствата од досега спроведената имунизација во другите земји.

Имаме голема количина средства за дезинфекција, имаме маски, мантили, скафандери и сето она што е неопходно. На терен попишувачите ќе имаат средства за секаква дезинфекција, како за маските, така за компјутерот и за сето останато, пописот може да започне, вели Симовски.

Преку апликацијата за самопишување на дијаспората заклучно со 08:00 часот денеска се евидентирани 148 719 лица. Самопопишувањето на државјаните кои живеат во странство започна на 1 март и ќе трае до 21 април.

Република Северна Македонија 12-ти пат ќе се вклучи во одбележувањето на најголемата светска еколошка акција „Часот на планетата Земја“. Оваа година, „Часот на планетата Земја“ ќе се одржи в сабота, кога во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат над 8.000 града во преку 180 држави ширум светот.

М. Миткоска

Next Post

Маричиќ од Брисел ја повика дијаспората масовно да се попише

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk