Пред една година остваривме една од најважните стратешки цели за државата зацртана во темелите на нашата независност и усвоена со едногласна одлука на Собранието уште во 1993 година. Денес членството во НАТО е израз на нашата натпартиска, широка, мнозинска, национална, мултиетничка и државничка одлука за тоа дека патот напред е патот на демократијата, сигурноста и безбедноста, накратко УСПЕАВМЕ!“ рече Заев.
Членството во НАТО е најголемото достигнување во нашата историја како независна држава, тоа беше наша битка и ние оваа битка ја добивме со жртви, со ризици и со многу работа, но ја добивме, рече Министерката Шекеринска.
На само стоина метри од протестот на ВМРО ДПМНЕ лежат над 300 ковид пациенти. Министерството за здравство жали што опозициската партија ВМРО ДПМНЕ, има за цел да ја спречи битката на здравствените работници и да ја спречи набавката на вакцини против Ковид 19, тоа е показател за нивната грижа за граѓаните и нивното здравје.
Пописот ќе се оддржи со сите здравствени протоколи заради зачувување на здравјето на граѓаните. После двесет годни важно е да спроведеме попис за да имаме точно прецизни бројки при планирањето за сите идни инвестиции во инфраструктурата, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Бугарија идната седмица ќе добие 200.000 вакцини. Ќе предложам 5.000 вакцини да испратиме за Република Северна Македонија, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Белград овој викенд е центар за вакцинација на целиот регион. Денеска околу 5000 жители од БиХ, Црна Гора и над 2000 македонски државјани бесплатно се вакцинираа на Белградскиот саем со вакцините на АстраЗенека.
Проф. д-р Никола Пановски, микробиологот од Медицинскиот факултет, на 8 март ја примил првата доза вакцина на „Фајзер/Бионтек“. Уште по примањето на првата доза, вели дека се чувствувал подобро, а од нус појави, имал само болка во раката. Немаше малаксаност, утредента дури и играв тенис без проблем, вели Пановски.
Зафир Хаџиманов, филмски актер, пејач и композитор денес почина од корона вирус. Беше оженет со познатата Сенка Велетановиќ, со која што го има синот Васил.
М. Миткоска