ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Северна Македонија е составен дел на најуспешната воено-политичка Алијанса во историјата на човековата цивилизација

March 27, 2021 12:51
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Денеска одбележуваме ден што ќе го паметат сите идни генерации и што е длабоко врежан во современата историја на Северна Македонија – 27 март денот кога станавме полноправна членка на најмоќниот сојуз во светот – НАТО. Ден од кој започна да се вее македонското знаме пред седиштитето на НАТО во Брисел, како знаме на 30-тата членка на Алијансата, знаме на сојузник еднаков со останатите. Тоа е Денот на остварување на сонот на нашите предци револуционери – тоа е сонот кој стана реалност, да бидеме рамо до рамо со најголемите од Светот“ – рече Премиерот Зоран Заев во денешното обраќање на централната свеченост за одбележување на првата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО – Алијансата која денеска се одржа во касарната „Илинден“ во Скопје.

„Пред една година  остваривме една од најважните стратешки цели за државата зацртана  во темелите на нашата независност и усвоена со едногласна одлука на Собранието уште во 1993 година. Денес членството во НАТО е израз на нашата натпартиска, широка, мнозинска, национална, мултиетничка и државничка одлука за тоа дека патот напред е патот на демократијата, сигурноста и безбедноста. Или ако со еден збор треба да го опишам денешниот настан со кој го славиме членството на Северна Македонија во НАТО – тогаш тој збор е: УСПЕАВМЕ!“ – рече Заев.

Според премиерот, успехот на нашата држава е голем, бидејќи членството во НАТО е најголемиот придонес за нашата безбедност и стабилност и е најсилната гаранција за заштита на територијалниот интегритет и на суверенитетот на Република Северна Македонија.

„Седиме на маса заедно со најголемите и најразвиените земји во светот. Ние сме еднаков дел од ова големо семејство на развиени демократии. Заедно со нив го даваме нашиот придонес кон светскиот мир и безбедност“ – рече Заев и нагласи дека нашата земја активно учествува во мисиите на НАТО, од кои дел се насочени кон зачувување на мирот и стабилноста, а дел кон развој на локалните капацитети и институции за одржување на мир, безбедност и стабилен демократски развој. Тој додаде и дека од минатата година учествуваме во мисијата КФОР на Косово и најави дека од оваа година ќе го зголемиме учеството во таа мисија. „Од примарна важност за нас е нашето соседство да е мирно и стабилно“ – истакна Заев и се осврна и на економската моќ на земјите членки на НАТО:

„Северна Македонија е составен дел на најуспешната воено-политичка Алијанса во историјата на човековата цивилизација. Воено супериорна, политички силна и релевантна и економски доминантна организација, која обединува безмалку една милијарда луѓе и повеќе од 50 проценти од светскиот БДП.“

Премиерот посочи и дека Северна Македонија ги споделува демократските вредности на НАТО и дека членството ни помага тие вредности да ги чуваме, развиваме и да ги промовираме и дома. „Членството во НАТО е дополнителен мотив за зајакнување на социјалната кохезија во Северна Македонија, и служи за зајакнување на отпорноста на нашата демократија“ – рече тој и додаде дека НАТО е и нашата здружена светска сила во чии рамки се справуваме со опасниот глобален непријател, односно со дезинформациите и манипулациите.

„Кога е безбедноста и сигурноста во прашање, не сме повеќе тема на дневен ред. Сега и ние учествуваме во креирањето на дневниот ред. Дискутираме за сите прашања и заедно ги носиме одлуките со другите сојузници во НАТО. Тоа е огромна придобивка од нашиот успех со членството во НАТО и тој успех е нај јасно изразен во фактот што како членка на Алијансата, Северна Македонија денес, заедно со сите други сојузници, учествува во стратешкото исцртување на визијата за НАТО во наредните 10 години“ – рече Заев во својот говор на централната свеченост по повод една година членство во НАТО и го истакна учеството на нашата земја во процесот „НАТО 2030“ во кој сите 30 сојузници заедно се согласија како приоритет да го одржат континуитетот на најсилен воен сојуз во светот.

„За ова прашање имаме и силен политички консензус кој произлегува токму од вториот приоритет на визијата за НАТО 2030 дека посилно од нашите разлики како држави е она што не обединува и што е наша основна мисија: Да се заштитуваме и браниме едни со други и да ги одбраниме нашите вредности што не поврзуваат – демократијата, индивидуалните слободи и владеењето на правото“ – истакна Премиерот – „Гласот на Алијансата е помоќен кога сме обединети и околу третиот приоритет на НАТО 2030, а тоа е преземање на посуштествен глобален пристап кога се во прашање предизвиците со глобални влијанија како што се тероризмот, сајбер заканите и нападите со дезинформации“.

Заев ја истакна и солидарноста на сојузништвото која беше евидентна меѓу сите членки во услови на глобална пандемија, кога земјите членки си помагаа меѓусебно со основните средства за заштита за да се преброди првиот бран на кризата.

„Голем број наши сојузници ни помогнаа со донации во медицинска и заштитна опрема, како и во препарати за дезинфекција и други материјали. НАТО донираше 60 механички вентилатори за полесно справување со последиците од пандемијата. Нашите капацитети и ресурси се посилни благодарение на солидарната поддршка од сојузниците, што е директен придонес од нашето членство во НАТО“ – истакна Заев и ѝ се заблагодари на нашата Армија која, како што кажа, „неуморно го помага здравствениот систем. Армискиот придонес ни значи на сите – спасувате животи!“

„Нашата про-атлантска ориентација има длабоки корени. Членството во НАТО за нас не беше само политички престиж, туку пред сѐ и признание за демократските вредности, поддржани од граѓаните на наша земја. Со членството во НАТО надминуваме поделби, политички и меѓуетнички и се издигаме посилни и пообединети, благодарение на желбата за подобро заедничко утре и амбицијата тоа да го реализираме. Во тој дух, овој свечен ден повикува да продолжиме и понатаму кон остварување и на нашата втора стратешка цел – членството во Европската Унија“ – рече Заев.

„Денес, кога славиме една година од членство во НАТО, како 30-та членка и кога оваа 2021 година одбележуваме 30 години независна држава, со гордост можеме да констатираме дека сонот на многу генерации, е исполнет. Тоа е јасна порака за помладата генерација, да сонува и храбро да се бори за своите соништа! Да живее НАТО. Да живее Северна Македонија“ – рече премиерот Заев на крајот од своето обраќање на централната свеченост за одбележување на првата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО.

Д. Е.

Next Post

Бочварски: После 20 години важно е да имаме попис заради добро планирање на инвестициите

НАЈНОВО

Салиу: Меѓународниот ден на ромскиот јазик, не потсетува дека јазикот не е само средство за комуникација, туку и знак и на идентитетот, достоинство и духовна сила

November 5, 2025

Училиштата може да аплицираат за средства за реализација на активности за заштита од насилство, пороци, дискриминација, малолетничка деликвенција

November 5, 2025

Туфегчиќ за Онкологија: Во недостаток на аргументи и докази, многу е некоректно Обвинителство да се служи со сведоци кои ќе изнесуваат неосновани лични дискредитации

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk