ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Денеска пред МО одбележување на мисијата на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје

March 28, 2021 08:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод првата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО вечер ќе биде отворен НАТО Паркот пред Министерството за одбрана во Скопје, како знак на успешната мисија на Канцеларијата за врски на НАТО во земјава.

Настанот, во организација на Министерството за одбрана и Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, ќе биде проследен со изложба на фотографии, преку која ќе биде прикажано основањето и работата на Канцеларијата за врски на Алијансата во Скопје.

Северна Македонија вчера ја одбележа годишнината од официјализирањето на членството во најголемиот воено-политички сојуз, со што ја реализираше стратешката цел, зацртана со консензус во 1993 година. Парламентот во 1993 усвои резолуција за членство, во 1995 година Македонија се приклучи кон програмата Партнерство за мир, а Канцеларијата на НАТО беше отворена во 1997 година.

Во касарната „Илинден“ во Скопје вчера се одржа централната свеченост по повод една година членство во НАТО. На свеченоста се обратија претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и командантот на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол, адмиралот Роберт Бурк.

-Пред точно една година станавме полноправна членка на Севернолантската алијанса. Патот до членството беше долг и тежок, чекавме 20 години најмногу од сите кандидати во историјата на организацијата, но и покрај сите одлагања не се откажавме затоа што тоа беше и останува наша клучна стратешка цел од независноста до денес, изјави претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на централната свеченост.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска рече дека членството во НАТО беше наша битка и ние оваа битка ја добивме со жртви, со ризици и со многу работа, но ја добивме. -Членството на Република Северна Македонија во најмоќниот воено политички сојуз е најголемото достигнување во нашата историја како независна држава, достигнување кое значи препознатливост во светот, стабилност и  безбедност. Безбедност која нуди шанса за просперитет,која значи посакуваност на инвестициската авторитет и меѓуанроден углед, истакна Шекеринска.

Адмиралот Роберт Бурк на свеченоста за одбележување на првата годишнина од членството во НАТО во скопската касарна „Илинден“ рече дека земјава покажа храброст, одлучност и упорност. -Горд сум што сум во истиот тим со Вас и целата Алијанса е посилна со вашето членство, сите сме посилни заедно, порача командантот Бурк.

Премиерот Зоран Заев потенцираше дека членството во НАТО е најсилна гаранција за заштита на нашиот територијален интегритет и на суверенитет. -Ако со еден збор треба да го опишам денешниот настан со кој го славиме членството на Северна Македонија во НАТО – тогаш тој збор е успеавме. Успеавме затоа што членството во НАТО е најголемиот придонес за нашата безбедност и стабилност, рече Заев.

Дел од свеченоста беа неколку показни вежби и активности на Армијата, вклучувајќи прелет на грчки воздухоплови во рамки на мисијата „Air Policing“, заедно со хеликоптери на македонското воено воздухопловство, точката Егзерцир на армиската Гарда, постројување и марш на ешалони од единиците кои учествувале во мисиите предводени од НАТО меѓу кои се и припадниците на Лесниот пешадиски баталјон, нашата НАТО – декларирана единица.

Со честитки за годишнината вчера и помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер. На 27 март 2020 година во Вашингтон  вршителот на должност амбасадор на земјава во САД,  Вилма Петковска токму на него му го предаде оригиналниот документ на ратификација од Пристапниот протокол за членство.

-Заедно сме во НАТО. Едно семејство, иста иднина. Да се стане дел од оваа Алијанса, Севрерна Македонија ја сигнализираше својата посветеност да придонесува кон глобаната безбедност и демонстрираше ефикасност на политиката на отворени врати на НАТО. Сега, кога Северна Македонија има место на масата како членка на најмоќната светска воена Алијанса ние очекуваме дека тоа ќе го искористите за да придонесете кон овој сојуз. Ова вчера преку видео порака го порача Рикер, честитајќи ја првата годишнина од членството во НАТО на Северна Македонија.

-Северна Македонија ја прави Алијансата посилна, а САД се гордеат што ве имаат за сојузник. Со нетрпение очекувам уште многу години соработка и успех меѓу Северна Македонија, САД и НАТО. Ова денеска преку видео-порака го изјави вршителот на должност потсекретарка за одбрана на САД за политика Аманда Дори, честитајќи ја првата годишнина од членството на земјава во НАТО.

Северна Македонија во 1999 година стана кандидатка за членство, кое беше официјализирано лани на 27 март, а само три дена подоцна, на 30 март 2020 знамето на земјава беше кренато да се вее пред седиштето на НАТО во Брисел со знамињата на останатите држави членки.

извор: МИА

Next Post

Колоски: Со бојкот на пописот ќе се самоизбришеме од листата на народи, најдобар избор за сите нас е масовно да се попишеме

Shortcut

Најново

Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk