ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Продолжи вакцинацијата на Македонци во Србија

March 28, 2021 16:05
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Србија денеска продолжи вакцинацијата на македонски и странски државјани со вакцини на „АстраЗенека“. За разлика од Белградскиот саем каде беше празно, во Ниш поради големиот број неповикани македонски граѓани се создаде голема турканица.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, на Белградскиот саем, за разлика од вчера, кога беа вакцинирани 5.299 странски државјани, од кои речиси половината беа Македонци, денеска беше празно. Ги немаше вчерашните турканици, а како што изјавија здравствените работници на саемот, бројот на Македонците кои до пладне се вакцинираа изнесувал над 100.

Неколкумината кои МИА ги сретна на саемот без да чекаат ред, а кои дојдоа на закажаниот термин од српската е-управа, беа презадоволни од приемот и самиот процес на вакцинација со бесплатните вакцини на „АстраЗенека“.

Имаше и десетина македонски државјани на кои им беше дозволено да ја примиат вакцината и без потребната пријава и покана и покрај апелот од српската владина Канцеларија за е-Управа, која вчера ги повика граѓаните на соседните земји, меѓу кои и од Северна Македонија, кои немаат закажано термин за вакцинација, да не доаѓаат во Србија, бидејќи нема да бидат вакцинирани.

– Ние сме двајца браќа од Струга, дојдовме во Белград без да аплицираме и да добиеме покана, прашавме и ни дозволија да се вакцинираме, и сега сме презадоволни, изјавија тие.

И покрај апелот на српските власти имаше и други наши граѓани кои без закажан термин се вакцинираа.

 

За разлика од Белград, во Ниш во халата Чаир за вакцинација пристигнаа околу 2000 македонски државјани. Поради големиот број на нерегистрирани лица за вакцинација настанаа големи турканици и вакцинацијата беше прекината за оние кои немаа покани и закажан термин.

– Многу сериозна турканица. Успеав да набавам уште 2.000 вакцини. Вакцините ќе дојдат од Белград. Ако има повеќе луѓе, ќе ни биде жал, нема да можеме на сите да им излеземе во пресрет, изјави Милорад Jerеркан, директор на Здравствениот дом во Ниш.

Како што додате Јеркан, пристигнале и македонски државјани од Прилеп и Битола, кои не биле пријавени за вакцинација.

– Дојдоа, слушнаа. Ние не враќаме никого во моментот, сепак, се обидуваме тие што се регистрирани први да добијат вакцина, тоа е основната поента – тие да добијат прво, сè што ќе остане ќе им дадемена овие други луѓе, изјави Јеркан, кој додаде дека поради турканиците на еден македонец му се слошило и е однесен со Брзата помош.

Како што соопштија од Стопанската комора на Србија (ПКС) вработените во повеќе од 1.500 компании од Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово за време на викендот добија вакцини против КОВИД 19 во Белград и Ниш.

– Акцијата за имунизација на бизнисмените од регионот беше организирана од Коморскиот инвестициски форум на земјите од Западен Балкан, а 10.000 вакцини беа обезбедени од Стопанската комора на Србија заедно со Владата на Србија. Пунктови за вакцинација за бизнисмени беа организирани во Белград и Ниш. По новите пријави поради големиот интерес за вакцинација преку стопанските комори, се пријавија вкупно околу 8.500 вработени од регионот, соопштија од ПКС.

Од над 1700 пријавени македонски државјани преку ПКС, вакцини примија вработените од компаниите „Алкалоид“, „Тиквеш“, „Македонски Телеком“, „Млекара Битола“, „Македонија турист“, „Стопанска банка“ и „Витаминка“ од Прилеп.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Канцеларијата за врски на НАТО ја заврши успешно својата мисија

НАЈНОВО

Скриншот

Се подготвува отворањето на граничниот премин Рафах со Газа за луѓе

October 16, 2025
Фото: МИА

„Game Dev Rev“ – интернационална конференција за развој на видеоигри во Скопје

October 16, 2025

Судот го забрани најавениот штрајк на контролорите на летање во М-НАВ

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од локални до национални: Зошто изборите во општините со мнозинство албански гласачи се клучни?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за фотографиите со Црвенковски: Само ќе го цитирам со неговата позната изјава – Или си СДСМ, или не си

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk