Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје ја завршува својата мисија со успех. Една година по полноправното членство на Република Северна Македонија во Алијансата, НАТО канцеларијата заминува од државата.
На патот на Северна Македонија кон НАТО, две децении, тимовите на НАТО канцеларија даваа исклучителна поддршка на македонските институции за остварување на стратешката цел. Со своите совети и интензивната соработка помагаа да ги подредиме приоритетите на реформите за членство во НАТО.
Затворањето на канцеларијата на НАТО означува крај на една соработка која завршува со комплетен успех.
Во тоа име, при официјалното затворање на Канцеларијата за врски на НАТО, министерката за одбрана Шекеринска ќе му врачи плакета за благодарност на шефот на канцеларијата, полковник Зоран Јанкович.