ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Власта со апел за обединување и вклучување во пописот, гарантира ќе биде безбеден, опозицијата бара одложување

March 28, 2021 08:34
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На четири дена пред најавениот старт на пописот на населението власта со пораки сите да се обединат и вклучат во процесот, со гаранција дека тој ќе се одвива безбедно. Опозицијата остана на ставот за одложување. Продолжија и повиците за попишување на дијаспората. Преку апликацијата за самопопишување, заклучно со вчера изутрината во осум часот се евидентирани 153 574 лица.

-Успешното спроведување на пописот е од државно значење, бидејќи е клучно во креирањето ефикасни јавни политики за потребите на граѓаните и за развојот на државата, заклучиле на вчерашната средба премиерот Зоран Заев и шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија, во земјите-членки на Европската Унија и во постојаните мисии во ЕУ и во НАТО.

Заев во објава на Фејсбук напиша дека ги повикал нашите амбасадори и претставници во земјите на ЕУ да разговараат со нашите граѓани од дијаспората колку е важно да се попишат. Со тоа тие директно ќе придонесат за подобра македонска иднина, според критериуми, како во сите современи земји во светот, напиша Заев.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, вчера исто така порача дека попишувањето на нашинците во дијаспората ќе овозможи бенефиции пред се за нив.

-Очекувам сите да бидат активни во споделувањето на информации со нашите луѓе во дијаспората за попишувањето, процесот е лесен, а ќе овозможи бенефиции пред се за нив, затоа што точните бројки нас ќе ни ги утврдат приоиритетите за дистрибуирање на нашите дипломатско-конзуларни претставништва, изјави Османи, одговарајќи на новинарско прашање дали е потребен поголем ангажман за информирање на нашата дијаспора во Австралија.

Вицепремиерит за борба против  корупцијата Љупчо Николовски во видеообраќање истакна дека придобивките од пописот се огромни и затоа е потребно обединување, а не бојкотирање на овој процес.

-Целиот процес во услови на пандемија е безбеден, за што се подготвени специјални здравствени протоколи и обуки за попишување, за заштита на здравјето на попишувачите и попишаните, рече Николовски.

Како што изјави министерот за здравство Венко Филипче, веќе се прави план попишувачите да бидат ставени во приоритетните за вакцинирање.

Пописот на населението, домаќинствата и становите треба да се одржи од 1  до 21 април, а во тој период продолжува и самопопишувањето на дијаспората.

извор: МИА

Next Post

Со вакцините „АстраЗенека“, први ќе се вакцинираат 20.000 лица над 75 години со хронични болести

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk