ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Имунизацијата започнува во среда, за 24 часа нови 11.101 самопопишани од дијаспората, Пописот е врвен патриотски чин велат од СДСМ

March 29, 2021 11:04
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Вакцините на „АстраЗенека“ кои пристигнаа вчера преку Ковакс механизмот, ќе бидат наменети за да се вакцинираат 20.000 лица над 75 години со хронични болести и согласно местото на живеење ќе биде направена дистрибуција на вакцините во вакциналните пунктови во здравстевните домови, каде вакцинацијата се спроведува според редовниот календар од страна на кадар со искуство.

Евиденцијата на самопопишувањето покажува бројка од 171.620 државјани на РСМ кои живеат во странство и кои се самопопишале на електронската апликација од почетокот на овој процес,  на 1 март, до денес, соопштуваат од Државниот завод за статистика. Само во последното деноноќие се попишани 11.101 лице, а интересни се и бројките по земји

Пописот како најобемна и најсложена статистичка операција е многу значаен за планирање на соодветен развој на државата. Преку пописот, конечно, по речиси две децении, ќе добиеме точни информации и податоци каде и како правилно да се насочат финансиите и потребните ресурси, пишува во соопштението на владејачката СДСМ.

ФРОНТ: Меѓу вакцината и судбината, пишува Сашо Орданоски – Веста за тоа што го направи Србија не го обиколи светот – го обиколи Балканот, а заслужуваше со неа барем една вечер да се започнат и вестите во светот – бидејќи најголемите и најмоќните земји се премногу зафатени со тоа кој кому ќе му украде некоја пратка вакцини, на најбезобразен начин, со подметнувања и закани, а во тоа особено предничат западните земји, со акцент на нашите сојузници од НАТО.

Завшуваме со изградбата на социјалната зграда во Виница за згрижување на 36 социјално ранливи категории на граѓани. Останува да се доработи партерното уредување и потоа да распишеме  повик за распределба, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета во општина Виница.

Oд денеска започнува етапната исплата на мартовските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од ковид-19.

Планинскиот превој на Галичица на регионалниот пат Р504 меѓу Трпејца и Галичица да не се користи за сообраќај, апелираат до граѓаните од Планинската спасителна служба во Охридскиот регион, кои изминатиов период имаа интервенции за одглавување на возила на патот. Тие велат дека граѓаните треба строго да се придржуваат до сообраќајните правила и поставената сигнализација и да не го користат превојот.

МОН објави Конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови во земјава за учебната 2021/2022 година. Со конкурсот се слободни вкупно 2578 места за сместување и исхрана на ученици од средното образование, во 18 домови во Скопје, Битола, Велес, Гостивар, Кавадарци, Куманиово, Крива Паланка, Охрид, Македонски Брод, Кратово, Струмица, Струга, Свети Николе и Штип.

Српскиот епидемиолог Зоран Радовановиќ изјави дека според бројот на новозаболени на дневна основа, како и процентот на заразени од бројот на тестирани, Србија во моментов е во „црна“ зона. Тој потсети дека со денови, бројот на нови случаи на инфекција е околу 5.000, а процентот на заразени е околу 35 отсто.

Од денска Словенија ги заострува ограничувањата на своите граници пред воведувањето на единаесетдневно целосно затворање за време на Велигден. Патувањето во земјите од црвената листа, во кое се вклучени сите соседи на Словенија, ќе биде забрането, освен за транзит, стока и некои други исклучоци.

Шпанската фудбалска репрезентација, откако ја победи Грузија (2:1) вчера на гостински терен во квалификацискиот натпревар за СП 2022, го ажурираше сопствениот рекорд. Тимот ја продолжи серијата без пораз во квалификациите за Светското првенство на 65 натпревари. Имаат 51 победа и 14 нeрешени средби.

Ј. Ѓ.

Next Post

ДЗС демантира дека може да се самопопишат лица кои се откажале од македонско државјанство

НАЈНОВО

Филипче: Трајановски е јасен избор за напредок, Аеродром заслужува повеќе

October 26, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Гест што Холивуд не го заборава: Џорџ Клуни им подари по милион долари на своите пријатели

October 26, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Приведени две лица за грабежот на накит во Лувр

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk