Во пописот на Република Северна Македонија се попишуваат граѓаните кои имаат македонско државјанство, истакна денеска премиерот Зоран Заев по лидерската средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со попишувањето на дијаспората и некои тврдења дека се самопопишуваат лица, кои не се државјани на Северна Македонија.
Направивме се, на секој можен начин да дојдеме до вакцини. Нарачавме повеќе од тоа што претставува план за имунизација. Нема некој што не сака порано да дојдат вакцините, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Република Северна Македонија успешно се справува со пандемијата во делот на образованието и ќе спречи генерациска катастрофа, благодарение на фокусот кој беше и се уште е ставен на забрзување на процесот на дигитализација на образованието.
Германската влада ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија, на мислење сме дека треба конечно да отпочнат пристапните преговори,изјави германскиот министер за Европа Михаел Рот по денешната средба со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров кој е во посета на Берлин.
Град Скопје доби поддршка за именувањето две улици во централното градско подрачје со имињата на великаните Блаже Конески и Славко Јаневски од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и од Фондацијата „Славко Јаневски“.