ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Четиридневно одбележување на Меѓународниот ден на литературата за деца во Кочани

March 30, 2021 14:56
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во организација на библиотеката „Искра“, а со поддршка од Министерството за култура и од локалната самоуправа, под мотото „Другарувањето со книгите ни е песна“, во Кочани по десетти пат се реализира Фестивалот на децата, книгите и музиката.

Во рамки на четиридневната манифестација, денеска се одржа литературна средба на писателот Горјан Петрески со најмладата читателска публика од Кочани. На средбата присуствуваше и македонскиот пијанист со светско реноме Симон Трпчески, кој е главен лик во делото „Сама“ на Петрески.

-Преку литературната средба на тема „Љубовта кон зборот и музиката остава трајни вредности во културата“ сакаме да ги афирмираме трудољубивоста, доследноста и упорноста, како карактерни особини на истакнатиот македонски пијанист, кој е инспирација за стожерениот лик во романот на Петрески. Идејата е да придонесеме за правилен образовен, културен и социјален развој на децата и на младите, истакна Магдалена Кочовска-Салтирова, координаторка на проектот.

Пијанистот Трпчески пред младата читателска публика нагласи дека најголемата поддршка во животот се родителите и топлата семејна атмосфера во која детето може да израсне во стабилно човечкото суштество.

– Среќен сум што целото образование го комплетирав во Македонија, од неа тргнав и го освоив светот. Благодарен сум на иницијативата за оваа средба, за да им помогнеме на младите полесно да се пронајдат себеси. За тоа е потребно избистрување на желбата, истрајна работа и посветеност, како и постојано да се трудат да ги остварат сопствените цели, истакна Трпчески.

Писателот Горјан Петрески упати благодарност за можноста да учествува на манифестацијата во Кочани и притоа да биде во друштво со главниот лик во својот роман.

-Во Кочани секогаш ми е прекрасно, па дури и во ова пандемиско време. Да не беше вакво времето, којзнае каде по светот ќе беше Симон Трпчески, ама во секое лошо има и добро, а добро е што сега е овде со нас. Тој е генијалец кој стои на цврста подлога, а јас бев првиот што го откри, истакна Петрески.

Во програмата на Фестивалот е предвидено во наредните три дена да се одржат промоции на дела за деца од разни издавачки куќи, средби со илустратори и познати автори, а ќе бидат доделени и наградите од литературниот конкурс „Музиката на зборовите“.

Одбележувањето на Меѓународниот ден на литературата за деца се спроведува со почитување на протоколите за културни настани во период на здравствена криза, поради што бројот на учесниците е ограничен.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk