ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски имаше што да научи на лидерската – граѓаните се поважни од партијата

March 30, 2021 19:10
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: РСМ

Фото: РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Лидерскиот состанок на Зоран Заев и Христијан Мицкоски е нова надеж дека ќе продолжат политичките процеси во поинаква, конструктивна атмосфера. Потегот на премиерот да покаже подготвеност дека е спремен за компромис во однос на сите клучни прашања кои ги засегаат граѓаните, е јасна порака до лидерот на опозицијата дека власта нема намера да ги остави граѓаните да страдаат. Затоа целиот процес може да се коментира дека време е Мицкоски да излезе од старата режимска матрица и наместо бојкот и блокади да понуди конструктивност и вклученост. Ова е добар момент Мицкоски да ги надмине партиските интереси и да се издигне над ситуацијата.

Демократски и разумни политички сили проблемите ги решаваат со дијалог, а дијалогот мора да стане демократски стандард во држава членка на НАТО и сериозен аспирант за ЕУ. Изминатите години Мицкоски во многу наврати покажа дека нема или дека ставот му е променлив во однос на клучните политички теми, но теми од кои зависи животот на граѓаните. Дали лидерската средба беше обид на Заев, преку конструктивен пристап, да го поттикне Мицкоски и тој да се вклучи во решавањето на проблемите на граѓаните, наместо постојано да е вклучен на алармот со црвено и да критикува, многу пати и неосновано?

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев му упати уште една порака на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека нема да дозволи граѓаните да страдаат и затоа прави сè што е неопходно, да го принуди да излезе од стегите на старата режимска матрица. Бојкотот да го замени со вклученост во важните општествено-политички процеси, конструктивноста да ги победи бескрајните опструкции, интересите на граѓаните да бидат над теснопартиските интереси.

Спротивставените табори на политичката сцена треба да функционираат како политички противници, а не како политички непријатели, оти тоа не носи никому добро, најмалку на граѓаните. Омразата, навредите, негативната реторика стана препознатлив материјал во политичкото функционирање, па да очекуваме дека тоа полека ќе станува минато, ако лидерите се сериозни во намерата за надминување на конфликтите. Едноставно, секоја партија мора да научи дека не постои само за своите членови и гласачи, туку за сите граѓани, за цело општество. Тоа е концептот кој постојано сака да го наметне Заев во своето делување, па сигурно оттаму очекува и Мицкоски да има идентичен, сериозен пристап.

Никој не може да негира дека нема бројни проблеми, но голем дел од нив не може вистински да се надминат ако не се вклучат сите во својот дел на обврската и одговорноста. Некомуницирањето меѓу партиите и создавање политички непријателства само ги зголемуваат проблемите, а отсуството на кооперативност, особено изразена кај опозицијата, нема да донесе добра иднина. Да се надеваме дека конечно Мицкоски ја сфатил оваа порака и дека е свесен дека неговото делување мора да е во согласност со интересите на граѓаните.

Лидерската средба се чини не траеше толку долго колку што спорни прашања беа надминати, но се потврди дека кога се има политичка волја и слух, работите може да функционираат. Власта се согласи да се помести пописот за во септември, сигурно тргнувајќи од фактот дека опозициските партии тераат агресивна кампања за политизација на пописот, злоупотребувајќи ја и влошената епидемиолошка состојба за да повикуваат на бојкот и да предизвикуваат раздор во македонското национално ткиво. Вака, Заев реши да стави крај на поларизацијата и да понуди попис подоцна, но со поддршка од сите политички фактори.

Пописот е статистичка операција, без оглед на сите епитети кои му се даваат на нашата политичка сцена. Но токму поради тоа што е статистичка операција, таа бара што поголема прецизност и што повеќе податоци за да ја даде вистинската слика за населението, за државата. И тоа е една од причините зошто не смее да се ризикува со бојкот на пописот, дури и на мал дел од населението.

Договор паднал и за Изборниот законик. Во досегашната практика на ниту една власт не и одговарало да има што подемократска и потранспарентна контрола врз изборите, за да може што повеќе да ги манипулира, а во времето на режимот на Груевски и целосно да ги краде. Но, СДСМ тргнува токму од идејата за демократизација на државата, по примерот на внатрепартиското демократизирање, сега е подготвена да се направат законски измени и да се воведе секаков вид контрола врз гласањето, па затоа ќе се воведе отпечаток од прст.

Деблокадата на парламентот е исто така важно прашање кое се очекува во скора иднина да биде решено. Деблокирањето  ги вклучува законите за изградба на новиот клинички центар, за легализација на бесправните градби, за петтиот пакет мерки со 100-те милиони евра од Европската инвестициона банка за кредитите за малите и средните претпријатија, законските измени за АВМУ и МРТВ кои се заглавени повеќе од година и пол, законот за државјанство, законите поврзани за пензионирање со 64 години, законите од екологијата и сите други закони, како и поддршка за сите закони кои се во нашата европската агенда и законите коишто значат помош за населението и стопанството.

Д. Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk