ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Беровскиот градоначалник Пекевски, демантира: Во ниту еден момент не сум ја злоупотребил службената положба

March 31, 2021 15:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, ги демантира обвинувањата упатени од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Берово, за наводна злоупотреба на службената положба и овластување во врска со склучување купопродажен договор од страна на Градоналачникот за продажба на градежно земјиште во Берово, а во сопственост на Република Северна Македонија.

„Во врска со вчерашните обвинувања кон мене, за некаква си злоупотреба на службената положба и овластување, сакам да ве известам дека, во ниту еден момент, не сум ја злоупотребил службената положба, ниту пак сум помислил да постапам спротивно на законот, па вчерашните критики и обвинувања од опозицијата, ги добив токму затоа што не подлегнав да го сторам тоа.“, објави Пекевски.

Тој истакнува дека станува збор за потпишување и склучување купопродажен договор од страна на Градоналачникот за продажба на градежно земјиште во Берово, а во сопственост на Република Северна Македонија, со површина од 53.513 м2 со правен субјект од дрвнопреработувачката индустрија.

„Целата постапка за отуѓување на градежно земјиште сопственост на РСМ по пат на непосредна спогодба е водена согласно одредбите од Законот за градежно земјиште. Општина Берово во целост ги има испочитувано законските рокови за спроведување на постапката и правосилно завршување на истата и во ниту еден момент не е извршено некакво дејствие кое што би било на штета на барателот.

Точни се наводите дека Општина Берово и наведениот правен субјект имаат склучено договор за отуѓување на предметното градежно земнјиште по добиено позитивно мислење од Државното Правобранителство на РСМ и сумата која е наведена е платена од страна на купувачот. Исто така, за земјиштето е платен и данокот на промет и е доставен доказ за извршена уплата. Согласно член 76 став 2 од наведениот закон обврска на купувачот е во рок од 30 дена договорот електронски да го достави кај нотар, заради вршење на солемнизација, кое нешто не е направено од страна на купувачот. Став 7 од истиот член предвидува дека неисполнување на наведената обврска по вина на купувачот, претставува основ за еднострано раскинување на договорот.

Градоначалникот на Општина Берово, во ниеден момент ги нема пречекорено своите законски овластвувања, туку напротив, во целост има постапено согласно наведените одредби од Законот за градежно земјиште. Непостапувањето или постапувањето спротивно на овие одредби , може да предизвика одговорност за отуѓувачот, во конкретниот случај, Општина Берово.

Со оглед на тоа што самата постапка се спроведува во електронска форма преку информацискиот систем за градежно земјиште, чие управување и одржување е во надлежност на ЗЕЛС, Општина Берово, како отуѓувач, нема никакво влијание во функционирањето на истиот, односно, не може да влијае на дејствија кои се надвор од законските рокови или дејствија кои во самиот систем се определени во надлежност на барателот.

Немајќи можност постапката да заврши согласно Законот за градежно земјиште, од страна на купувачот е поведена парнична постапка, која правосилно завршува со пресуда која судот ја донесува ценејќи ги одредбите од Законот за облигациони односи, иако во конктректниот случај, материјалниот закон е Законот за градежно земјиште, односно судот сметал дека неиспочитувањето на законските рокови за електронска достава на договорот кај нотар, заради вршење на солемнизација од страна на купувачот не претставува суштествена повреда во самата постапка.

Како градоначалник на Општина Берово ако постапев обратно, тогаш тоа ќе беше злоупотреба на службената положба, нешто што во моето работење никогаш нема да дозволам да се случи. Постулатите на моето работење, како градоналачник на Општина Берово се и ќе останат транспаретно, отчетно и целосно законско работење, според сите закони и Уставот на Република Северна Македонија. До последното ливче.

Ја замолувам опозицијата во иднина, да биде по конструктивна во критиките, имаме проекти и работа за работење за граѓаните, а не, да барате нешто што не е, па и уште да спомнувате некакво си недомаќинско работење, за кое верувајте ако почнам да набројувам и споредувам ќе бидете во голема загуба.

Во изминатите три и пол години покажавме дека може да се работи и да имаме голем напредок во сите сфери на градот и општината и тоа да биде целосно законски и транспарентно. Општина Берово од задолжена општина во која доверба немаа ниту граѓаните ниту доверителите, сега е успешна општина, без долгови, која ги плаќа своите обврски тековно и им служи успешно на потребите на своите граѓани.

Така е, така и ќе остане и во иднина!“, наведува во реакцијата Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk