ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров од Љубљана: Ако нема придвижување на пристапниот процес ќе биде тешко ЕУ да го зачува кредибилитетот на Западен Балкан

March 31, 2021 13:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ако нема придвижување во пристапниот процес ќе биде многу тешко Европската Унија да го зачува кредибилитетот во регионот на Западен Балкан после толку многу одложувања, изјави денеска во Љубљана вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на заедничката прес-конференција со шефот на словенечката дипломатија Анже Логар.

Димитров потсети дека оваа година земјава одбележува две децении од потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ во 2001, и оти 16 години сме земја со статус кандидат за членство.

-Го решивме проблемот со Грција, чекавме на новата методологија за да се зајакне довербата во пристапниот процес и пред нас сега е овој, се надевам последен предизвик со нашите комшии од соседна Софија, рече Димитров.

Вицепремиерот посочи дека нашата стратегија се темели на три столба – разговор и наоѓање заемно достоинствено и европско разбирање со Бугарија, потоа реформи дома, при што го информираше Логар дека Владата ја усвои Агенда Европа дома насочена кон конкретни реформски активности на повеќе надлежни институции фокусирани на првиот кластер од новата методологија Основи, бидејќи, рече тој, и целта на пристапниот процес е воведување на европските стандарди дома.

-И третиот столб е помош и поддршка од нашите пријатели како што е Словенија, оваа година за неколку месеци ќе почне и словенечкото претседателство со Советот на ЕУ од 1 јули и јас му честитав на Анже, кој ме информираше за приоритетите на словенечкото претседателство каде, меѓудругото, покрај здравствената ситуација и безбедноста во информатичкиот простор ќе се најде и нашиот регион, додаде Димитров.

Вицепремиерот заклучи дека за нас Словенија е еден од најважните пријатели и оти оваа година е стратешки клучна за нашиот регион на Западен Балкан во однос на кредибилноста и опипливоста на европската перспектива

Шефот на словенечката дипломатија Логар рече дека со Димитров имале продуктивен разговор чија тема било пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ и она што Словенија ќе го стави на агендата за време на нејзиното претседавање со Унијата.

-Реформите за Северна Македонија се значајни и С Македонија има поддршка за почеток на преговорите за членство кон ЕУ. Неформалната средба на врвот на ЕУ со државите од Западен Балкан секако ќе биде показател за тоа, рече Логар.

Словенечкиот министер додаде дека со Димитров разговарале за почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ, како и за самите реформи што треба државата да ги забрза, истакнувајќи дека Словенија и натаму ќе продолжи да дава поддршка за почеток на преговорите со ЕУ.

Логар исто така информираше дека она што ќе биде значајно за време на претседавањето на Словенија ќе биде конференцијата за иднината на Европа во широка смисла, а меѓу приоритетите ќе бидат здравствената криза, здравствената грижа и кибер безбедноста, што ќе бидат две главни теми на претседавањето на Словенија.

извор: МИА

Next Post

Оптимизам по средбата на Заев со АА и Алтернатива за законот за државјанство

НАЈНОВО

Фото: ЦИВИЛ

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Фото: Министерство за транспорт, комуникации и јавни работи на Кипар и Канцеларија на комесарката за родова еднаквост

Први семафори со женски фигури на Кипар: Мала промена со големи пораки за родова еднаквост

October 30, 2025
Скриншот

Селена Гомез домаќин на настан за подигнување на свеста за менталното здравје на младите

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk