365 дена пеам (или сепак боље речи како што тоа одлично го дефинираше брат ми Валон – упропастувам песни)
Ko bi reko cuda da se dese pa Kosmonautko celu godinu vam pesmu donese…..
Но она што е убаво во цела оваа приказна е што 365 дена пееме заедно. 365 утра си ги започнуваме со песна и на тој начин тешките денови си ги правиме барем малку поподносливи.
Зошто пеам, како започнав, која беше целта мислам дека е веќе добро познато. Ефектите, приемот, тоа па ич да не почнувам
Затоа овој пост ќе биде посветен на „виновникот„ за тоа што сум, за моето издржување, за нејзината поткрепа и поддршка, за огромното разбирање за моите отсуства од дома. За нејзината огромна улога како мајка но и како татко во ковидскиов период, за нејзиното превземање на домашните обврски буквално на секое поле. За нејзнините превкусни ручеци со кои ме дочекува насмеана и полна љубов. За многу работи кои и нејзе и се наметнаа, кои ги превзеде и кои одлично ги извршува и завршува.
Без нејзиното сето ова немаше шанси да издржам, тоа гарантирам. Можам за неа да пишувам и пишувам, но се ќе срочам во два збора кои и самата ги знае а кои секогаш се добредојдени и никогаш доволно кажани.
Те сакам Бибуш (3 збора биле )
А ние продолжуваме да си пееме и натаму или што би рекол колегата Фреди – show must go on
Најубав ден да имате, гуш и бац од Космонаутко
Фејсбук објава од Денис Јанкуловски