На социјалните мрежи се шири лажна вест, монтажа и манипулација за некакви наводни партиски списоци со кои се повикуваат членови на СДСМ да се пријават за на приоритетна листа за вакцинирање. Лажната вест е експресно демантирана од СДСМ.
Делот од годишниот извештај за човековите права на американскиот Стејт департмент во кој се зборува за етнички Македонци во Бугарија, предизвика силен излив на гнев кај Красимир Каракачанов. Нека пишуваат што сакаат, каде никаквеците од Стејт Депарментот видоа македонско малцинство во Бугарија?, се лутите зборови на Каракачанов.
Европарламентарците изразуваат длабока загриженост во врска со неодамнешното видео на европратеникот Џамбаски, во кое се изнесуваат територијални претензии кон Северна Македонија од страна на партија на Бугарската влада и се покажува отворено непочитување на европските вредности, само заради политичка кампања. Ова е спротивно на основните принципи на ЕУ и Договорот за добрососедски односи помеѓу двете земји, велат тие.
И покрај моите целодневни настојувања за усогласување на ставовите на сите политички чинители во насока на постигнување на договор и одржување на двете седници на кои би се изгласале Предлог Законот за попис на населението, домаќинствата и становите, 2021 година и Предлог Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба, не се постигна договор, вели Џафери.
Преку апликацијата за самопопишување досега се евидентирани вкупно 177.875 лица од дијаспората, објави денеска на веб страницата Државниот завод за статистика. Најмногу самопопишани граѓани има од Швајцарија – 58.067, Германија – 40.400 и Италија – 25.618.
Смртноста од вакцината ’Фајзер’ е поголема од смртноста од вакцината ’Астразенека’. Од ’Фајзер’ има 1,5 смртен случај на 100.000, а од ’Астразенека’ еден случај на 100.000“, вели микробиологот Пановски.
Вакцинацијата на постарите граѓани со АстраЗенека се одвива добро, истакна Венко Филипче, но во однос на ставовите на Германија и Канада конкретно за таа вакцина за Ковид-19, посочи дека одлучиле да бидат внимателни, да се оди полека и да се чека дефинитивна потврда дека вакцината е безбедна.
Македонската фудбалска репрезентација ја забележа една од најспектакуларните победи во својата историја, триумфирајќи над Германија во Дуисбург со 2:1 (1:0) во рамки на мундијалски квалификации.
М. Миткоска





