ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Спектакуларен триумф, македонските фудбалери ја совладаа Германија

March 31, 2021 23:04
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската фудбалска репрезентација ја забележа вечерва една од најспектакуларните победи во својата историја, триумфирајќи над Германија во Дуисбург со 2:1 (1:0) во рамки на мундијалски квалификации.

Македонскиот состав најави шокантен развој на настаните за големиот фаворит, кога во судиското продолжение на првото полувреме капитенот Горан Пандев, по одлична асистенција на Енис Барди, рутински ја смести топката во мрежата на Андре тер Штеген.

Претходно во текот на првиот дел, Езѓан Алиоски можеше да ја начне германската мрежа од слободен удар во 39. минута, а на спротивната страна Леон Горетцка во осмата минута ја погоди пречката, додека обидот на Серж Гнабри во 30 минути заврши за малку над рамката на голот на Столе Димитриевски.

Германците дојдоа до израмнување во 63. минута преку прецизно изведениот удар од белата точка на Илкај Гундоган, откако Алиоски претходно го фаулираше Лирој Сане.

Рускиот судија Сергеј Карашев можеше да досуди пенал и за македонскиот состав, но превиде играње со рака на Емре Џан по ударот со глава на Дарко Велковски во .минута.

Домаќините пропуштија голема шанса за целосен пресврт на десет минути пред крајот преку Тимо Вернер, а казната на спротивната страна стигна во 85 минута кога Елиф Елмас, на асистенција на Аријан Адеми, биеше прецизно за конечни 2:1 и историски триумф на македонската репрезентација во првиот меѓусебен дуел со Германија.

Во преостанатите два натпревари што вечерва беа на програмата во рамки на квалификациската група Ј, Ерменија со пресврт на домашен терен ја совлада Романија со 3:2, додека Исланд очекувано триумфираше како гостин против Лихтенштајн со 4:1.

Македонската репрезентација по три натпревари има шест бодови, додека води Ерменија со максимални девет. Германија, исто така, има шест бодови, Исланд три, а Лихтенштајн е последен без бодови.

Мундијалските квалификации продолжуваат на 2 септември, кога избраниците на Игор Ангеловски во Скопје ја пречекуваат Ерменија.

Next Post

Во мај измени на Изборниот законик, градоначалник во прв круг неприфатливо за повеќето партии

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk