ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Полицијата и локалната заедница се упатени на континурана соработка за постигнување ефективни резултати во сигурноста на граѓаните

April 2, 2021 14:31
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на денешната посета на  подрачјето на СВР Струмица, министерот Спасовски заедно со раководството на МВР оствари и работни средби со градоначалникот на Општина  Богданци Блаже  Шапов, како и со  раководствата на Полициското одделение Богданци, на Регионалниот Центар ЈУГ и на Граничниот премин Богородица, како и со градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков, на кои се разговараше за актуелни теми од безбедносен аспект и за идните  планови за продлабочување на соработката на локалната самоуправа и полицијата.

„Ова е уште една од низата посети која има за цел  поблиско запознавање со моменталните состојби и предизвиците со кои се соочуваат полициските службеници, имајќи го предвид приоритетот што го постави раководството на МВР за востановување на модерна, опремена, професионално подготвена, но и задоволна полициска служба”, истакна министерот на средбите.

На крајот на посетата на регионов, министерот Спасовски порача:„Преку денешниве средби добивме една целосна претстава за постигнатото во досегашниот период, но ги нотиравме и приоритетите што треба перспективно да се реализираат, односно ги утврдивме целите што во делот на полициските обврски и задачи ги очекуваме и посакуваме во наредниот период од нашите колеги овде, во Гевгелија и Богданци“, потенцираше министерот Спасовски.

Спасовски посочи дека во модерните, современи концепти на полициско работење  полицијата и локалната заедница се упатени на меѓусебна комуникација и континурана соработка, сè со цел постигнување ефективни резултати во личната безбедност и сигурноста на граѓаните, во одржување на јавниот ред и мир, во заштита на материјалните добра.

„Оттаму, наша основна задача е континуирано етаблирање на таквите стандарди на партнерско делување и квалитетна соработка во сите локални средини, независно дали се тие рурални или урбани. Само така се гради оној неопходен кредибилитет, интегритет и законитост во работењето на полициската служба, во интерес на граѓаните“, подвлече министерот за внатрешни работи, објаснувајќи дека темите кои беа во фокусот на вниманието на средбите се состојбите во сите области од безбедноста, граничното полициско работење, како и соработката на полицијата со локалните власти и со граѓаните.

Градоначалниците на Гевгелија и на Богданци, Сашо Поцков Блаже Шапов, изразија големо задоволство од соработката со полицијата во областа на безбедноста  и ги поздравија контунираните успешни полициски акции за откривање на мигранти во текот на минатата година и двете акции од минатиот месец, кога на јужната граница полицијата откри поголемо количество марихуана и пресече меѓународен канал за шверц со дрога.

Next Post

Почна имунизацијата против Ковид 19 во Струга

НАЈНОВО

Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

October 30, 2025
Фото: ЦИВИЛ

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Фото: Министерство за транспорт, комуникации и јавни работи на Кипар и Канцеларија на комесарката за родова еднаквост

Први семафори со женски фигури на Кипар: Мала промена со големи пораки за родова еднаквост

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk