ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Инвестираме во стабилен енергетски систем

April 2, 2021 13:01
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Инвестициите во енергетската мрежа се од голема важност за целиот елктроенергетски систем и имаат директно влијае на пристапот и стабилноста во снабдувањето со електрична енергија за домаќинствата од овој регион, за малите претпријатија, како и за големите индустриски капацитети, порача премиерот Зоран Заев на денешното пуштање во употреба на новиот 400/110 киловолтен  трансформатор во Трансформаторска станица „Битола 2”, инвестиција на АД МЕПСО од  2,4 милиони евра.

Нагласи дека континуирано се инвестира во енергетскиот сектор во земјава и додаде дека веќе се завршени или се почнати нови проекти во областа на енергетиката кои, како што рече, значат помош за економијата, за инвестициите за побрз развој и за подобар животен стандард. Оваа недела, потенцира, ги потпишавме и договорите за инвестиции во Александруполи со што ја осигуруваме енергетската иднина.

-Оваа трафостаница има круцијално значење за целиот електроенергетски систем. Тука е приклучен и тука ја предава електричната енергија РЕК Битола. Од тука тргнува интерконективниот далекувод кој ја поврзува земјава со Грција, а токму тука, со проширување на последното поле во трафостаницата се подготвува теренот за изградба на интерконецијата со Албанија, преку далекуводот Битола-Елбасан, посочи Заев.

Интерконективниот далекувод со Албанија, како што кажа, ќе придонесе за регионална интеграција и е последниот сегмент од реализацијата на Коридорот 8 за пренос на електрична енергија помеѓу Бугарија, Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и Италија.

Земјава, нагласи, има добро развиена мрежа со пет точки за интерконекција со Бугарија, Грција и Србија, а поврзувањето со Албанија, е алката што недостигаше во иницијативата за изградба на коридор за пренос на електрична енергија во правец исток-запад.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски рече дека инвестициите во електропреносниот систем што се реализираат се само доказ за стратешките одлуки во зајакнување на електро-енергетскиот сектор во земјава.

-Овие инвестиции се значајни за севкупниот стопански развој на државата која има клучна улога во регионалното енергетско поврзување. Оттука оваа инвестиција е од огромно значење не само за Битола и  Пелагонискиот регион, туку и за нас како држава и за цел енергетски сектор, рече Бочварски и посочи дека на тој начин испраќаме јасна порака до сите сегашни и идни инвеститори.

Со модернизацијата на оваа трафостаница, додаде, сега нудиме стабилно и редовно снабдување со електрична енергија, a тоа е одговор на нивните потреби.

Потсети дека вкупните инвестиции на АД МЕПСО надминуваат 100 милиони евра во сите сегменти  од  реконструкција и модернизација на трафостаниците до изградба на нови далекуводи.

Директорот на АД МЕПСО Куштрим Рамадани истакна дека новиот 400/110 киловолтен трансформатор се поставува на местото на стариот кој беше во функција од далечната 1982 година.

-Постапката за набавка на новиот трансформатор започна во 2019 година, пристигна во февруари, а стручните екипи на производителот го монтираа и тој досега беше во пробна работа. Овој 235-тонски електроенергетски елемент е произведен од Колектор-ЕТРА од Словенија. Инвестицијата изнесува 2,4 милиони евра, сопствени средства на АД МЕПСО. Со овој трансформатор ќе се зголеми доверливоста на ТС “Битола 2” и ќе се подобрат напонските прилики за домаќинствата и бизнис секторот во регионот, рече Рамадани.

извор: МИА

Next Post

Заев: Дијаспората е нашиот народ, важно е сите да се попишеме

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk