ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пановска-Ставридис: 28-годишната пациентка што прими „Астра Зенека“ е во добра состојба и без невролошки симптоми

April 3, 2021 19:26
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Состојбата на пациентката беше парадоксална, бидејќи имаше тромби, а во исто време ниски вредности на тромбоцити, вели Пановска-Ставридис

Дваесет и осумгодишната девојка, која по вакцинацијата со „Астра Зенека“ во Србија имаше несакана реакција, сега е во добра состојба и кај неа е целосно повречена невролошката симптоматологија, вели директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска-Ставридис, во вечерашната дебата на „360 степени“.

 

„Во вторникот на нашата клиника беше хоспитализирана млада пациентка која на 21 март примила вакцина ‘Астра Зенека’ во Србија. Една недела по вакцинирањето, пациентката почувствувала главоболки кои биле неспецифични еднострани, во неколку наврати изгубила свест и потоа забележала оток на очниот капак на едната страна на лицето. По направените невролошки испитувања и крвни анализи беше упатена на нашата Клиника, бидејќи имаше многу ниски вредности на тромбоцити. Тоа се клетки од крвта кои имаат улога во згрутчување на крвта, а истовремено имаше изразена невролошка симптоматологија“, вели Пановска-Ставридис.

Пановска-Ставридис за оваа ситуација вели дека е парадоксална, но не е непозната во медицината. Според неа, оваа состојба е можна по вакцинирањето против ковид, но тоа не е докажано. Додава дека постојат и други состојби во медицината кога се среќаваат пациенти со тромби, а со ниски вредности на тромбоцити.

„Меѓутоа, пред неколку дена научниот свет се возбуди од нов синдром кој го поврзаа со вакцината против ковид на ‘Астра Зенека’ и го нарекоа дека е од вакцина индуцирана имуна тромботична тромбоцитопенија, а тоа значи состојба која се јавува од четврти до 21 ден по вакцинација кога кај пациентите се појавуваат тромби, а доаѓа до екстремно намалување на бројот на тромбоцити“, вели Пановска-Ставридис.

Врз пациентката бил спроведен алгоритам според последните светски препораки за овој таканаречен нов синдром, за кој сè уште не е докажана поврзаноста со вакцинацијата на „Астра Зенека“.

„На пациентката ѝ беше даден адекватен третман и кај неа е целосно повлечена невролошката симптоматологија, полека почнаат да растата вредностите на тромбоцити, но сè уште е задржана под медицинска опсервација на нашата клиника“, вели Пановска-Ставридис.

 

Извор 360степени.ком
Next Post

Денеска се регистрирани 1.394 нови случаи на Ковид 19

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk