Денеска на радио Канал 77 гостин беше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
На прашање од страна на слушател дали полицаецот што пукал на 27ми Април во собрание треба да биде казнет и да добие отказ, Спасовски одговори:
-” Не само што не треба да биде казнет, туку треба да биде и награден. И доби човекот награда, му дадовме орден за своите залагања на 27ми април, бидејќи ни спаси живот на сите таму пратеници кои бевме нападнати од таа насилничка орда тој крвав ден. И не само тој, туку уште тројца полицајци со својата храброст и професионалност ни ги спасија тој ден животите, а со тоа и уставниот поредок на државата. ”