Интервју со новоназначениот директор на Центарот за култура во Штип, Горан Трајков, за весникот „Штипски глас“. Трајков пред да ја преземе функцијата директор на најголемата културна институција во општината која е од национален карактер, беше директор на Домот на млади во Штип.
Горан, кажете нешто за себе?
Како прво да ви се заблогодарам за поканата за интервју и да ги поздравиме читателите на вашиот весник. Да, назначен сум од страна на Минстерката за култура Ирена Стефоска од конкурсот кој што беше распишан од страна на Министерството за култура на кој бев аплицирал и по завршување на истиот бев избран за Директор на НУЦК „Ацо Шопов“ Штип. Инаку јас целиот свој живот се занимавам со култура зависно од тоа во кое време сум живеел и што е тоа што ме мотивирало за творење или било потребно како уметник да стварам, дали би било тоа мултидисцплинарни проекти или проекти од бласта на музика, или соработки на мултимедијални проекти. Инаку во мојата биографија би ги издвоил најдрагите години за работа од кои пет години во уметничкото образование како професор по гитара и организирање на настани, концерти и др, две години како директор на Приватно средно музичко училиште, некаде околу 6 години работа на проекти од областа на културата и ангажираната уметност во соработка со граѓанскиот сектор,како автор се јавувам на музика за театар, издавач на три албуми, композитор на песни за фестивали, визуелен уметник и др, и три години како директор на Оук „Дом на млади“ Штип. Она на што сум горд е што во трите години како директор успеавме заедно со колегите да го подигнеме на едно повисоко ниво Домот на млади и да го трасираме како институција која ќе ги поддржува младите во нивното творештво и ќе им помога при реализација на нивните проекти и ќе се труди да им го покаже светот на возрасните и професионалците како изгледа тоа и вториот дел е програмата која домот ја реализираше.
Просторните услови во домот се целосно заоукружени, каде имаме две сали со мултифункционална средина за работа и со потребната опрема за одржување на предвидените активности, Саниран, реконструиран и уметнички стилизиран домот одговара на времето и духот кој го носи и пред се претставува пријатно место за младите затоа што младите беа клучните двигатели на овие промени.
Покрај тековното одржување и работа набавена е опрема за работа на техничкииот персонал, опрема за работа на стручниот кадар и опрема во вид на озвучувања, осветлување, маси ,столици, видео проектор како опрема за одржување на настани. Реконструирана кровна површина и 5 целосни проекти со дозволи за градба изработени од страна на домот од кои 3 се во тек на подготовка на реализација од страна на Општина Штип и Источно планскиот регион . Инаку станува збор за проект вреден 105 илјади евра со кои ќе се реконструира летната тераса од домот на младите со што градот ќе има нов бисер и катче за младите . И покрај тешките услови за работа успеав да го поставам домот на цврста подлога и да реализирам заедно со мојот тим 469 настани за три години од 2018 до 2020г од кои по области :
МУЗИЧКА ПРОГРАМА 120 НАСТАНИ
ЛИКОВНА ПРОГРАМА 21 НАСТАНИ
ИЗВЕДУВАЧКИ УМЕТНОСТИ,ТЕАТАРСКИ ПРЕСТАВИ 33 НАСТАНИ ЛИТЕРАТУРНА И ТРИБИНАЛНА ПРОГРАМА 28 НАСТАНИ
ФИЛМ ПРОГРАМА 49 НАСТАНИ
ПРОГРАМА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ 26 НАСТАНИ
ПРОМОЦИЈА И МУЛТИМЕДИЈА 68 НАСТАНИ
ИЗЛОЖБА ШТИП СУВЕНИРНИЦА 1 НАСТАНИ
ПРОДУКЦИЈА НА НАСТАНИ ОД ОПШТИНСКО НИВО 35 НАСТАНИ
СОРАБОТКА СО НЕВЛАДИН СЕКТОР 20 НАСТАНИ
ПРОДУКЦИЈА НА ПРИВАТНИ НАСТАНИ 5о НАСТАНИ
ЕНТЕРИЕРНО УРЕДУВАЊЕ 14 АКТИВНОСТИ
ЕКСТЕРИЕРНО УРЕДУВАЊЕ 4 АКТИВНОСТИ
Или во посетители над 25.000.
Пред да дојдеш на новата позиција имаше ли некои сознанија за тоа што претставува Центарот за култура. Од бројност на вработени, преку капацитети на двете установи-театар и дом на култура, до квалификации на вработените за работа во таква установа?
Центарот за култура е пред се за мене столбот на културата не само во Штип туку напраотив тој е центар за култура на источна Македонија, пред се одговорноста е голема но и предзвикот да на нашите сограѓани да и приредуваме културни содржини, уште поголем за тоа што јас влегувам во оваа институција во исклучително тежок период во кој се наоѓа културата, воопшто, која е зафатена од пандемијата, а потоа и условите за работа во истиот од кадровска неекипираност , финасиски проблеми, просторни и технички услови за работа. Се надевам дека ќе го оправдам моето дејствување и ќе ја искористам мудроста на сите етаблирани уметници во трасирање и етаблирањето на сјајот во кој некогаш работеше. Центарот Инаку сум запознат со целокупниот кадар кој работи во институцијата и со проблемите со кои се соочува Центарот. Се надевам дека за почеток имаме доволно кадар да започнеме да работиме на стратегијата за наредните четири години. Но, секогаш ќе одиме полека.
Штип во 2004 беше првиот Град на културата во државата, но подолго време на овој план стагнираме, можно ли е да си го вратиме тој статус и како ти гледаш на тоа враќање?
Стагнирањето на културата во нашиот град во кој најголемиот дел се должи и на центарот, ако ја минусираме пандемиската година, фокусот е изместен и е испуштена целта поради и кој постои, а тоа е да остварува национален интерес во културата. Има многу фактори кои влијаеле на тоа, но да не должам многу, доколку се вратиме на оваа сентенца верувајте дека Штип може да биде секоја година град на културата и секако да не заборавиме на соработката и со останатите институции од областа на културата во градот со кои верувам дека можеме да создадеме култура за сите и секој ден во неделата за сите возрасти , генерации и вкусови. И би сакал да ви ветам вам и на вашите читатели дека ќе можете ова и да го и видете како ќе функционира на дело.
Домот на кулура има проблеми со протекнување на кровот, нема парно греење па зимно време или мрзнеш и следеш култура или не доаѓаш таму…Потребно му е комплетна обнова, што мислиш да превземешпо тоа прашање?
Се уште ја немам целата слика но, се согласувам со погоре изнесеното дека е така, за да можам да ја имам целосната слика ќе морам да имам соработка со архитекти и инжинери еден подолг период, можеби еден месец каде би сакал тие преку призмата на стручноста да ги сондираат своите мислења и тогаш би излегол со конкретни решенија што треба се да се направи и како и колку би чинело целото тоа. Вака од прв поглед од она што го видов има многу работи на кој треба да се работи, но прво од хигенските и техничката исправност на објектите ќе движиме со сите вработени од техничкиот персонал за да може на давателите од областа на културата им овозможиме пред се сигурни плодни денови за работа.
Штип по многу нешта е регионален центар, така треба да биде и во однос на културата но не е. Културата денес е производ како и секој друг, и таа може да се продава на слободниот пазар на кој во регионот речиси нема ништо од тој производ, или има ама многу малку. Како производите на театарот и Домот да се „продадат“ на Берово, пехчево, Делчево, Виница, Кочани, Радовиш , Св.Николе?
Јас се надевам доколку имаме создадено културни продукти вредни за посетување и го поминале филтерот помеѓу штипјани, не гледам пречка да се престават овие продукти и во другите градови за тоа што мислам дека Минстерството за култура и Општините имат создадено услови да ги претставиме пред граѓаните од другите градови и со многу мал трошок, воедно и не би преставувало проблем на помалите градови да вкусат и тие дел од културната понуда на штипјани. Мислам дека не постои пречка за остварување на тоа само ќе биде потребна добра војља од сите нас за да можат и граѓаните од другите градови да уживаат во продуктите од Националната установа.
Центарот за култура е институција од национален карактер, но сепак е во Штип и им служи на штипјани, Советот на Општина Штип си има комисија за култура, даали ќе оствариш потребно ниво на соработка и каков резултат може да даде тоа?
Со ова прашање се начна и делот на работењето при носење на одлуки во Националната установа и како би ја дефинирала својата програма за работа. Ако Уметничкиот совет е тука ако Уметничкиот директор или раководител или советник и на тоа го додадеме и Управниот одбор мислам дека овој дел за комисијата за култура треба да преставува градскиот совет за култура при НУКЦ или поконкретно за Штип, мислам дека би била добра симбиоза за тоа што би се работело и под кои услови и верувам дека тука лежи и клучот за успех на Центарот. Јас силно верувам дека можеме да имаме култура секој ден и за сите. Еве нека ова мото не движи низ целиот овој процес.
Има една идеја баш од Комисијата за култура за јавна дебата за потребите на штипјани од култура, но поради пандемијата не се остварува. Но, ќе помне пандемијата па ќе се организира, дали сметаш на граѓанскиот придонес во концепцијата на културата во градот?
Идејата е благородна и верувам дека не може да не создаде вредност со самото тоа што сите чинители би се нашле на едно место, јас силно верувам дека ние може да придонесеме за силна културна политика со која како граѓани ќе можеме сите. да се гордееме Имено јас како директор на центарот во програмата за работа соработката ми е еден врвните приоритети на локално и државно ниво со што уште од следната недела ќе остварувам поединечни средби со сите чинители во културата во нашиот град и надвор каде ќе пробам да разговараме и пробаме да изградиме заеднички план и стратегија за подобра културна понуда и размена на културни производи со крајна цел богата и трајна културна понуда. Верувам дека можам /ме да успееме доколку сите вредно работиме, а преку ова и ги оправдаме и парите на граѓаните кои се вложуваат во културата.
Иван Бојаџиски / Штипски глас