ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МЦМС: Расте бројот на заинтересирани за вакцинирање

April 5, 2021 14:45
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Половина од испитаниците целосно и донекаде имаат доверба во новите вакцини а, 49,1 отсто донекаде и целосно немаат доверба. Повеќе од половината, односно 56,4 проценти одговориле многу веројатно, односно веројатно е дека ќе се вакцинираат што претставува зголемување во однос на анкетата спроведена во декември 2020 година, кога 38,7 отсто од граѓаните рекле дека е многу веројатно или веројатно дека ќе се вакцинираат, покажува вториот дел од Истражувањето: „Ковид-19: една година стравови, очекувања и желби за враќање во „нормала“ спроведено од Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС.

Истражувањето е составено од три дела, во вториот се обработени ставовите за носење заштитна маска, ограничувањата и забраните за организирање настани, ставовите за работата на здравствените институции, работата на министерот за здравство и премиерот на државата како и ставовите за процесот на вакцинација и довербата во вакцините.

Што се однесува до мерките за заштита, според истражувањето, речиси сите испитаници се согласуваат со потребата од носење на заштитна маска во продавници и затворени објекти, додека пак мнозинство од нив, односно 61,6 отсто сметаат дека носење на маска е потребно и на отворено.

Вкупно 70,7 отсто сметаат дека наставата во образованието треба да се спроведува онлајн, а 82,7 отсто сметаат дека се потребни ограничувања во угостителските објекти. Највозрасните испитаници, над 65 години, во најголема мера сметаат дека има потреба од вакви ограничувања. Висока е и поддршката за забрана за свадби и настани во затворен простор која изнесува 85,1 отсто, но и забрана за свадби и настани на отворено застапена со 80,5 проценти.

Истражувањето покажува дека големо мнозинство од испитаниците, односно 73,5 проценти, сметаат дека Владата не реагирала соодветно и навремено при набавката на вакцините. Споредено со земјите во регионот, мнозинство од испитаниците, односно 65 отсто, сметаат дека нивото за вакцинирање во Македонија е под стандардот.

Работата на матичните доктори е оценета позитивно од 81 процент од граѓаните, работата на болниците и Ковид центрите од 68,5 проценти. Иако мнозински, најнизок е процентот на оние кои позитивно ја оцениле работата на Комисијата за заразни болести, односно 54,9 отсто.

Речиси поделена, според истражувањето, е оценката за работата на министерот Филипче односно 51,3 отсто сметаат дека добро ја врши својата работа, а 47,7 отсто сметаат дека работи лошо. Кај премиерот Зоран Заев, побројни се оние кои рекле дека работи лошо, односно 59,7 проценти, а една третина сметаат дека работи добро 36,7 проценти.

Како што информираат од МЦМС, последниот дел од истражувањето ќе биде објавени во текот на оваа недела. Инаку, како што велат оттаму, анкетата за МЦМС ја спроведе М-Проспект. Податоците биле прибирани со телефонска анкета во периодот од 12 до 17 март 2021 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1003 испитаници.

извор: МИА

Next Post

Компанијата „Сити плаза“ ќе инвестира над 105 милиони евра во развојот на „Рамстор Македонија”

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн и ВИ

Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

October 29, 2025
Фото: Фејсбук на Гордана Сиљановска Давкова

Сиљановска Давкова на Парискиот мировен форум: Очекувам дискусии што ќе придонесат кон решавање на најгорливите глобални предизвици

October 29, 2025
Скриншот

Обвинителите бараат затворски и парични казни за ширење лажни вести против Брижит Макрон

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk