ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска: Бришење долгови кон јавни институции за ранливите категории и зачувување работни места дел од петтиот пакет економски мерки

April 5, 2021 14:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска вели дека за новото законско решение согласно кое недела треба да биде неработен ден му претходело неколкумесечна анализа и во негово изработување биле вклучени сите засегнати страни.

-Недела е ден на неделен одмор за сите работници освен за оние дејности каде што просецот не смее да се прекине. Оние кои ќе работат во недела,  ќе добијат најмалку 50 проценти повисока дневница, а овој процент може да биде повисок доколку тоа е уредено со Колективен договор.  Исто така, овие работници имаат право на слободен ден за неделен одмор, друг ден во неделата, рече Шахпаска во Студио 10 на ТВ 24.

Министерката посочи дека  одлуката трговските центри да работат во недела е донесена земајќи предвид дека тие токму во недела остваруваат 40 проценти од прометот и затоа е економски оправдано нивното работење.  Тие ќе работат само една смена, од 10 до 18 часот, а 2 отсто од прометот остварен во нив во неделите ќе се наменат за изградба на градинки.

Исклучоци од законското решение недела неработен ден се околу 38 дејности, како што се авторизација и видео надзор во банките, прифаќање и пастеризирање на млекото и други.

Таа говореше и за петтиот пакет мерки за економска помош наменета за ранливите категории на граѓани при што го спомена и бришењето на  камати кон јавни институции и претпријатија.

-Преку мерката, со законски измени , јавните комунални претпријатија, јавните претпријатија и Управата за јавни приходи, општините и  сите други институции од јавните дејности ќе треба да им ги простат и избришат долговите на граѓаните по основ на камати во висина од 100  проценти. Тоа се однесува за сите физички лица во нашата земја, рече Шахпаска.

Министерката посочи дека со петиот пакет економски мерки се опфаќаат сите категории на граѓани. Покрај директната помош кон граѓаните, преку мерките директно се влијае на зачувување на работните места, што претставува приоритет на Министерството и на Владата во оваа криза.

-Очекувам дека разумот ќе проработи и оти на пратениците ќе им проработи свеста, затоа што сепак ние сме во служба на граѓаните и мора да одговориме на нивните потреби и барања, истакна министерката коментирајќи за блокадата во Собранието, а со тоа, како што рече, и доцнењето на економската помош предвидна со петиот пакет економски мерки.

извор: МИА

Next Post

Мијалков да се ослободи од обвинение, побараа неговите адвокати

Shortcut

Најново

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

November 2, 2026
Протести во Италија, 2026

Автентичните граѓански протести во Европа и пропагандата стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Злобни напади врз чесната власт

November 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk