пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Бугарија го заврши постевропскиот циклус, го изеде комплетното љубопитство, парите и перспективите и сега се бори за иднината што и се појавува како срање. Нема иднина. Само тековно валкање во бесмислата. Кое, додуша, може да приреди не мали задоволства. Но иднина-не. Утеха, ако нешто такво воопшто може да се нарече утеха, е фактот дека целиот Балкан и не мал дел од светот, се во истиот безизлез. Србија е партал со флеки од сериозната култура, нација и држава што некогаш живееле на овие простори. Хрватска е во длабок распад на општеството и на културниот идентитет и интегритет. Босна е емоција испразнета од стварност. Словенија е крава која си ги јаде сопствените вимиња. Албанија е железо што себе се чука и обликува во потковица за коњот што одамна е умрен. Косово е нешто што не е. Србија, да речеме. Македонија е жена на која не и даваат да умре, не затоа што се воодушевени од убавините на нејзиниот живот, туку затоа што се плашат од фаталноста на нејзината смрт. Само за неа, во талпите пред иднината, има некои пукнатини. Сите општества и нации се мртви или умираат. Појдете на вечера, порачајте добро вино, сјебете ја целата заштеда, платете добра ебачина, запелете цигара под ѕвезденото небо и чекајте го звукот на сирените. Ако не го чуете, знајте дека сте мртви.