ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: Сите сме надлежни кога е во прашање човечки живот

April 6, 2021 22:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Со големо жалење ја примив веста за смртта на повредениот овчар од кратовскиот регион. Денеска се пратени дописи во кои побарав детални извештаи за случајот од градоначалникот на општина Кратово, од Центарот за управување со кризи и од МВР, напиша на својот фејсбук профил, Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси.

Николовски во објавата дополнува дека освен детални извештаи, за трагичниот настан од ЦУК и од МВР побарал да спроведат внатрешна контрола, за постапувањето на надлежните службеници за случајот.

– Човечкиот живот нема цена, а кога станува збор за спасување на човечки живот, секој треба да го даде максимумот, а не да се оградува од одговорност, пишува тој.

Посочува дека во вакви случаи не постои фразата „не сме надлежни“, сите сме надлежни кога е во прашање човечки живот, како што вели тој.

– Неприфталиво и недозволиво е во 21 век, да се носи човек на носилики, а институциите да не можат да детектираат како и на никој начин да се постапи во конкретни животозагрозувачки случаи, апелира Николовски.

Николовски во објавата која ја сподели вечерва на својот фејсбук профил повика на итно лоцирање на одговорност, соодветни мерки, санкции и расчистување на случајот.

Одговорност за смртта на 63-годишниот жител на кратовското село Емирица, кој изутринава го загуби својот живот во болницата во Штип, откако беше пронајден во тешка здравствена состојба, по што пет часа бил носен на раце низ тешко прооден планински терен за да се спаси неговиот живот, побара и Никола Димитров, вицепремиер за европски прашања, исто така во објава на својот фејсбк профил.  /МИА/

Next Post

Светски ден на здравјето, специјална награда од МЛД за Македонското здружение на инфектолози

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Турскиот министер за транспорт казнет за возење со 224 км/ч

August 25, 2025
Фото: Pixabay

Операции за намалување на висината – нов тренд во турскиот медицински туризам

August 25, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага против криминална група за даночно затајување, даночна измама и перење пари

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk