ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ѓорѓиевски: Достоинствен живот на возрасните, лицата со попреченост, ранливите категории граѓани на Скопје

October 14, 2025 14:15
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Грижата за луѓето не е популизам, таа е суштината на јавната служба. Кога се грижиме за старите, кога ги поддржуваме ранливите и содаваме услови секој да живее достининствено, тогаш градиме Скопје што не е поделено по класи или можности, туку обединето околу човечноста. Тоа е визијата на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за идниот развој на Скопје кој денеска пред медиумите зборуваше за делот од неговата програма посветен на ранливите категории граѓани на Скопје.

Визијата на Ѓорѓиевски за Скопје е дека тоа треба да биде град кој им припаѓа на сите, дека не смее да биде град на нееднаквости, град кој својот развој го базира врз човечноста како темел на секоја вистинска модернизација…

Кандидатот Ѓорѓиевски посочи дека на највозрасните граѓани им е потребно внимание, достоинство и пред се сигурност. Оттаму неговата програма предвидува сеопфатен пакет мерки за подобрување на квлаитето на животот во третото доба…

– Ќе воведеме субвенционирано банско лекување, континуриана здравствена грижа и рехабилитација, подобрени услов за домување и моѓжности за активен општествен живот. Со проекетот 2500 денари за пензионерите со најниски примања ќе обезбеидиме финансиска поддшрка за оние кои живеат со најмалку средства. Позитивните практики од мерките во Кисела Вода како што се „итно копче“, транспорт на стари лица, нега на возрасни лица во нивниот дом ќе бидат применити на ниво на целиот град. Ќе спроведеме и целосно реновирање на сите пензионерски домови во градот, тие ќе станат безбедни достапни и пријатни простори за дружење, едукација и активна старост, рече тој.

Тој најави проширување и на услугата паметната картичка, што ќе им овозможи на пензионерите со ниски примања да користат услуги на градските јавни претпријатија и установи, бесплатно или со значителни попусти, како посети на музеи, библиотеки, кина, зоолошка градина, жичница и слично.

Ѓорѓиевски најави и активности за изградба на инфраструктура на еднаквоста.

– Преку детално мапирање на социјалните проблеми и анализа на капацитетите и целите, ќе изградиме град каде лицата со попреченост, нивните семејства и старите лица ќе добијат ефикасна, достапна и интегрирана поддршка од градот…

Меѓу другото тој уште најави системска поддршка на здруженијата кои работат со и за лица со попреченост, десетгодишна стратегија со инклузија што ќе ги интегрира младинските политики како алатка за активна вклученост на лицата со и без попреченост во процесот на креирање и импементација на инклузивни решенија, проекти за олеснета пристапност на лицата со попреченост до институциите…Најави лица за асистенција за помош при админстративни постапки, дигиталната достапност,  финансиска поддршка за семејствата што се грижат за лице со попреченост, развој на програми за нивно вклучување на пазарот на пазарот на труд и општествената интеграција.

За социјално загрозените семејства и поединци вети директна финансиска поддршка, обезбедување хуманитарни пакети, развој на програми за психо-сијална поддршка и советувалишта, како и вклучување во образовни и преквалификациски програми со цел погочема економска независност.

Кандидатот за градоначалникт на ВМРО-ДПМНЕ уште најави помош за бездомните лица преку отворање прифатни центри со 24-часовна грижа, обезбедување основни животни услови како храна, облека и медицинска помош како и развој на програми за ингеграција во заедницата.

– Особено внимание ќе посветиме и на лицата со дијабет и ретки болести преку отворање специјализиран едукативен центар што ќе организира обуки и работилници и советувалишта за правилна исхрана, здрави животни навики и управување со хроничните состојби. Во истиот центар ќе обезбедиме психо-социјална поддршка за семејствата, ќе воспоставиме вмрежување со здравствените институции, здруженија на пациенти и меѓународни организации, како и креирање дигитална платформа со информации, упатства и видео-едукација за сите зантересирани граѓани, рече тој.

Next Post
Фото: Независни заедно

Марковски: Магацините на „Славија“ можат да прераснат во простори за културната сцена, а не во бетонски чудовишта

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk