ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски во посета на Штип: Граѓаните да се вакцинираат во што поголем број

April 6, 2021 16:25
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска беше во општина Штип каде го посети вакциналниот пункт и Модуларната болница за ковид пациенти и притоа ги повика граѓаните да се вакцинираат во што поголем број, да не се плашат, да не подлегнуваат на лажни вести.

Како што информираат од Кабинетот на Пендаровски, во вакциналниот пункт во просториите на Здравствениот дом „Панче Караѓазов“, претседателот Пендаровски беше информиран за текот на процесот на вакцинација на граѓаните, која во моментот се врши на лица над 77 години, согласно државната стратегија за вакцинација.

-Претседателот Пендаровски се запозна со условите на овој вакцинален пункт кој има 4 позиции за вакцинација на кои се имунизираат по 40 граѓани на ден, а е предвидено во оваа фаза да се вакцинираат 400 лица со вакцината на Астра Зенека. Во процесот на вакцинација на граѓаните на овој вакцинален пункт помагаат и волонтерите на Црвен крст од Штип, се наведува во соопштението.

Претседателот Пендаровски порача дека сите ние треба да покажеме максимална одговорност и совест за да се заштитиме себе, најблиските и ранливите групи.

-Она што го баравме и што започна вчера мора да продолжи во континуитет. Ги повикувам граѓаните да се вакцинираат во што поголем број, да не се плашат, да не подлегнуваат на лажни вести, да не веруваат во разно-разни измислици. Како и насекаде во светот, масовната имунизација е единствен начин да се справиме со корона вирусот и да ја надминеме пандемијата на Ковид-19, порача претседателот Пендаровски.

За време на посетата, претседателот Пендаровски ја посети и Модуларната болница за ковид пациенти во Штип и оствари средба со директорот на Клиничката болница во Штип, која има капацитет од 100 кревети и 47 кревети во модуларната болница, додека здравствениот персонал брои околу 200 лица. Претседателот беше информиран за моменталната состојба со заболени во оваа општина, како и за грижата и пружањето на здравствена заштита на граѓаните, при што изрази благодарност за целосната посветеност и максимален ангажман на здравствените работници и им оддаде признание за пожртвуваноста и професионалноста.

Претседателот Пендаровски оствари средба со надлежните од општинскиот кризен штаб за заштита и спасување при општина Штип на која разговараа за мерките за превенција и заштита на здравјето на граѓаните.

извор: МИА

Next Post

Бајден ќе објави дека од 19 април сите Американци ќе имаат пристап до вакцина

НАЈНОВО

Скриншот

САД и Јапонија потпишаа рамковен договор за снабдување со ретки минерали

October 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел го прими телото на заложник според договорот за прекин на огнот

October 28, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кејти Пери и Џастин Трудо ја потврдија врската со појавување во Париз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk