ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Средба на гувернерката на НБ со холандскиот амбасадор: Холандија и натаму ќе дава силна поддршка на земјата и НБ

April 6, 2021 13:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Холандија како претставник на Северна Македонија во конституенците на MМФ, Светската банка и ЕБОР и натаму ќе обезбедува силна поддршка за земјата и за Народната банка во комуникацијата и соработката со меѓународните институции, што е исклучително важно во овие тешки времиња. Одлуките на Народната банка донесени во изминатата година се добредојдени во овој контекст. Потребно е состојбата и понатаму да се следи и соодветно да им се одговори на предизвиците, особено во однос на фискалната дисциплина и управувањето со јавниот долг. При справување со предизвиците, важна е поддршката на меѓународните институции при што ние остануваме ваши партнери во остварувањето на стратешките цели. Од клучно значење е да се продолжи со спроведувањето на структурните реформи во економијата на Северна Македонија.

Ова, како што соопшти Народната банка,  се дел од пораките и констатациите изнесени од амбасадорот на Холандија, Дирк Јан Коп, на средбата со гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.

На средбата, меѓу другото, амбасадорот и гувернерката разговараа за актуелните состојби во економијата и особено за кондицијата на финансискиот сектор. Притоа, е посочено и на предизвиците за полесно надминување на кризата и на придонесот на кредитната поддршка за реалниот сектор, за којашто уште еднаш се оцени дека ќе биде исклучително значаен фактор и во претстојниот период. Во тој контекст разговарано е и за одлуките на Народната банка коишто се однесуваат на натамошно јакнење на системот, при што е нагласено дека таквата внимателност е особено важна за одржувањето на кредибилитетот и транспарентноста во работењето на Народната банка, како основа за остварување на нејзината улога во одржувањето на макроекономската стабилност.

Во соопштението се наведува дека амбасадорот и гувернерката говореа и за инструментариумот на Народната банка и за нејзината подготвеност за преземање соодветни активности и носење соодветни одлуки, во прилог на макроекономската стабилност, како и за поддршка на граѓаните и компаниите.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска искажа особено задоволство што и во текот на корона-кризата, соработката со Банката на Холандија е интензивна и се одвива на исклучително експертско ниво. Како што истакна гувернерката, и натаму, Банката на Холандија е една од нашите најсилни поддржувачки во постојаното унапредување на централнобанкарското работење во нашата земја и следењето на европските стандарди и практики. Поконкретно, како што беше истакнато на состанокот, таа е партнерка на нашата централна банка во спроведувањето поголем број проекти.

Амбасадорот Коп и гувернерката Ангеловска-Бежоска го споделија ставот дека за македонската економија се клучни натамошни структурни реформи, коишто на долг рок ќе го зголемат потенцијалот за раст, од што зависи и одржувањето на позитивните согледувања на меѓународните инвеститори. 

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фотомонтажа: Фронтлајн

Што им кажа Слот на играчите на Ливерпул – како да продолжат по смртта на Жота?

July 13, 2025

Љубиша Арсиќ во интервју за Трн: Плажата „Оревче“ е израз на моето постоење

July 13, 2025

Објавена причината за смртта на актерот Џулијан Мекман

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Престана со работа „Ал Џезира Балканс“, во 12 часот емитувани последните вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk