Од денеска па се до 20 април, како резултат на новите мерки што ги донесе Владата за сузбивање на пандемијата, затворени за посетители се сите угостителски објекти низ државата, како и рестораните и кафетериите во хотелите, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување.
Фото репортерот од Фронтлај низ фотографии ја долови новонастанатата ситуација од затворените угостителски објекти од центарот на Скопје. Некои од угостителите го користат ова затворање за реновирање на објектите, други се отворени само за достава на храна и пијалоци, а повеќето се комплетно затворени.
Објектите кои вршат подготовка и продажба на храна може да продаваат преку онлајн или телефонска нарачка и да вршат достава на храна или самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект, преку пулт.
Целосна забрана да примаат гости ќе имаат и бензински станици кои имаат делови за служење храна, а исклучок се рестораните во склоп на хотелите, мотелите, хостели и пансиони за оние лица кои се сместени како гости, како и угостителскиоте објекти на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
Ј. Ѓ.
Фото: Огнен Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН