ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пауновски: Поради одредени субјекти кои тераат инает трпи целата угостителска дејност

April 7, 2021 15:48
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Одредени субјекти поради кои трпи целата угосителска дејност, тераат инает и кон себе и кон граѓаните и кон пазарните инспектори. Кон таквите немаме милост и мораме да постапуваме согласно законот, рече денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

Пауновски на прес-конференција во Владата соопшти дека за жал, и по една година од пандемијата, се уште има угостители, но и граѓани кои не ги почитуваат протоколите. Инспекторите се секојдневно на терен, а ако има потреба дејствуваат и со асистенција на полицијата.

-Она што се случува од одредени субјекти поради кои трпи целата угосителска дејност, сметаме дека е терање инает и кон себе и кон граѓаните и кон пазарните инспектори. Од Нова година до денес имаме преку 78 затворени објекти поради непочитување на протоколите, за работење преку работното време и за нерегистрирани даночни обврзници. За жал, и по една година се соочуваме со субјекти, претежно угостителски објекти, но и граѓани, кои дозволуваат да се направат пропусти кои ние ги санкцицонираме. Повеќе пати сум кажал дека во поголем број случаи успеваме да затекнеме на лице место и тогаш веднаш постапуваме, истакна Пауновски.

Во всрка со свадбата во Струмица, директорот информира дека инспекторите веднаш тргнале, но кога стигнале веќе немало нешто. Информација ја добиле откако свадбата завршила.

-Инспекторите влегуваат во сите региони, населени места и секаде онаму каде што добиваат дојави благодарение на граѓани. Притоа, постапуваат согласно надлежностите и Законот. Таму каде што инспекторите ќе проценат дека не можат сами да постапуваат, секогаш одат со асистенција на полицијата.

Одговорајќи на новинарско прашање, Пауновски повтори дека по 20 часот, кога почнува полицискиот час, дозволено е да се врши достава на храна и пијалаци, но сите што вршат достава на храна мора да имаат соодветна дозвола за движење и во Државниот иснпекторат за труд да бидат пријавени за ноќна работа.

Во однос на цените на лековите, посебно на оние за превенција и заштиа од КОВИД, Државниот пазарен инспекторат, рече Пауновски, нема ингеренции.

– Немаме никаква надлежност да ги следиме тие покачувања на цените, освен ако истакнатата цена на лекот не е ставена и во фискалната каса. И во земјава и во цела Европа владее пазарна економија. Она што има државна цена како нафтата, таму може да делуваме ако има поскапување или поевтинување. Лани кога беше вонредна состојба имаше производи кои не смееја да поскапат. За жал,  сите производи што поскапуваат влијаат на пазарната економија, но сме прифатиле да бидеме пазарна економија, објасни Пауновски.

На прес-конференцијата претходно, претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Грашкоска  соопшти дека продолжуваат зајакнатите контроли. Од 29 март до 4 април биле спроведени вкупно 5.236 надзори од кои преку 4.500 реализирал Пазарниот инспекторат и изрекол 34 прекршочни пријави, како и 43 платни налози, а донел и 91 решние за констатирани неправилности. Грашкоска потсети дека денеска стапи во сила целосната забрана за работа на угостителските објекти и воедно ги охрабри инспекторите да немаат толеранција ако утврдат какви било недоследности или непочитување на мерките.

извор: МИА

Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Новите рестриктивни мерки ги затворија угостителските објекти за посетители

НАЈНОВО

Претседателката на ЛДП Моника Зајкова со директна поддршка на Горан Герасимовски за втор градоначалнички мандат

October 29, 2025
Foto: Wikimedia Commons

Додик и семејството извадени од американската црна листа

October 29, 2025
ФФМ. Фото: Б. Јордановска

Доживотна суспензија за двајца фудбалери на Беса Слупчане и суспензија од 10 натпревари за теренот

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk