ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЕРГО: Ромите во Северна Македонија се најпогодени од кризата

April 8, 2021 15:09
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Мустафа Јакупов, од мрежата на невладини организации ЕРГО која се занимава со правата и прашањата од интерес за ромското население ширум Европа, во изјава за МИА вели дека е потребно освестување на јавноста, но и конкретна борба против омразата кон ромското население од страна на државните власти, јави дописничката на МИА од Брисел.

Организацијата ЕРГО со седиште во Брисел е мрежа на организации кои се занимаваат со ромските прашања како во ЕУ така и на Балканот.

На меѓународниот ден на Ромите, Мустафа Јакупов од ЕРГО, за МИА укажува на тоа дека Ромите се посебно погодени од кризата предизвикана од Ковид-19, на здравствен, социјален и економски план.

-Во овој момент најранлива и најпогодна заедница од Ковид-19 е ромската заедница. Прогласувањето на вонредната состојба и преземените мерки за спречување на ширењето на вирусот иако беа разумни и логични во време на пандемијата предизвикаа влошување на социјална и економската положба на ромската заедница, објаснуваат од ЕРГО во документ посветен на состојбата со Ромите во Северна Македонија од почетокот на здравствената криза.

Организацијата потсетува дека бројни ромски семејства се зависни од секундарни работи како собирање пластика, хартија и препродавање на пазари кои се сега затворени. Па така денеска со Ковид-19 90 отсто од ромските семејства се во ситуација да не можат да ги задоволат најосновните потреби како исхрана. Се нагласува фактот дека Ромите добија само минимална помош од државата иако се најзагрозени, а нивната ситуација многу бргу може и дополнително да се влоши поради супстандардните услови и инфраструктури во кои тие живеат.

Уште попогодени се жените Ромки, како што покажа истражувањето на Амнести Интернешнл за Северна Македонија оваа недела.

-Што се однесува до жените Ромки, посебно во однос на здравјето и репродуктивните права, властите прават многу малку и има многу малку мерки на сила, вели Јакупов за МИА.

Тој потсетува на тоа дека во Шуто Оризари сѐ уште не е назначен матичен гинеколог и матичен лекар.

-Ова дополнително се влошува кога нема функционална болница, а лекарите третираат повеќе од 4000 возрасни и 1200 деца во време на пандемија. Мора да се зајакне свеста за овие прашања во медиумите, апелира Јакупов, и додава дека е неопходно паралелно да се работи на предрасудите кои ги имаат самите државни службеници и функционери кон Ромите.

Во овој дел тој апелира дуплата дискриминација која ја преживуваат Ромките да се земе предвид во јавните политики и во ромските политики. Секако, тој потсетува дека основа е и соодветно финансирање за сите овие прашања.

За ефикасна борба против ромофобијата во Северна Македонија, таа треба да биде признаена од државните власти објаснува Мустафа Јакупов од ЕРГО.

-Мора да бидеме свесни дека ова бара подлабоко разбирање, а не само промена на вокабуларот, како користење на „дискриминација“ наместо „ромофобија“, тогаш само ќе можеме да напредуваме со инвестиции во таа борба, вели Јакупи за МИА.

Конечно тој изрази надеж дека властите во Северна Македонија ќе се усогласат и со напорите на Европската Унија во борбата против ромофобијата.

-Можат да почнат со усвојување на дефиниција за ромофобијата, да ја вклучат во новата стратегија за интеграција на Ромите и да посветат соодветни фондови, заклучува Мустафа Јакупи од мрежата ЕРГО во Брисел. 

Next Post

Кунчев: Бугарија втора по смртност од Ковид-19 во ЕУ и на Балканот

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk