ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Намален е бројот на вработените во јавниот сектор, од вкупно 131.183 вработени, во органите на државната власт се само 12,2 проценти

April 8, 2021 15:41
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири денеска го презентираше Годишниот извештај за вработените во јавниот сектор за 2020 година. Министерот потенцираше дека извештајот е веќе објавен на веб-страницата на Министерството, согласно законската обврска.

Бројот на вработените во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2020 година изнесува 131.183 лица. Тие својот работен ангажман го реализираат во вкупно 1.332 институции.

Од вкупниот број, 19.594 лица се вработени во Армијата, Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и во Управата за финансиска полиција. За овие вработени лица во извештајот не се прикажуваат други детални анализи, поради законски и безбедносни причини. Детална обработка и презентација на податоците се врши за преостанатите 111.589 вработени лица.

Она што е за истакнување, рече министерот Шаќири, е дека бројот на вработените во органите на државната власт, претставува само 12,2% од вкупната бројка на вработени во јавниот сектор, односно 15.945 лица од вкупно 131.183.

Од анализата на податоците во извештајот за 2020 година, произлегува дека најголем број на вработени се во дејностите образование 32%, здравство 19 %, управа 14%, комунални дејности на јавните претпријатија 9,6%.

Во споредба со истиот период лани, бројот на вработените во јавниот сектор е намален и тоа за 1.717

Јетон Шаќири, министер за администрација и информатичко општество (фото: РСМ)

„Намалување на бројот на вработени има во органите на државната власт. Во 2019 година во органите на државната власт биле вработени 16.522 лица, а во 2020 година овој број е, веќе споменавме 15.945, што е намалување за 577 вработувања или 3%. Но, ако како држава во 2020 година бележиме намалување на бројот на вработени во државниот апарат, тоа не е случај со вработеноста во институциите во некои од клучните сектори како здравството и во детската и социјалната заштита. Во овие сектори извештајот покажува зголемување на бројот на вработени. Тоа илустрира дека новите вработувања се прават онаму каде што за тоа има вистинска потреба“, истакна министерот Шаќири.

Во однос на образовната структура, во 2020 година е зголемен бројот на вработени лица со високи образовни квалификации. Повеќе од половината, односно 53,62% од вработените лица во јавниот сектор имаат најмалку високо образование, а 2.660 вработени се доктори на науки.

Во однос на родовата структура, процентот на жени вработени во јавниот сектор е поголем од процентот на мажи и тоа 54,83%, наспроти 45,17%.

Просечната возраст на вработените изнесува 46 години. Во однос на етничката припадност, на ниво на цел јавен сектор Македонците се застапени со 74,49%, Албанците со 20,85%, Турците со 2,18%, Ромите 1,40%, Србите се 1,16%, Бошњаците со 0,51% и Власите 0,49%.

Инаку и оваа година, иако тоа не претставува законска обврска, објавени се податоци и за бројот на вработени во акционерските друштва во државна сопственост и за лицата вработени преку агенциите за привремени вработувања.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, власта се фали за својата посветеност и работа

July 13, 2025

(ВИДЕО) Римац Невера Р постави 24 светски рекорди, станува најбрзиот електричен автомобил досега

July 13, 2025

Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk