ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Во наредниов месец се очекуваат 300.000 вакцини, во текот на кризата не може да се дозволи да работат рестораните за свадби, околи 15.500 граѓани се вакцинирани со „Астра Зенека“

April 8, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев очекува во текот на овој месец во земјава да стигнат околу 300 илјади вакцини од различни производители и процесот на масона вакцинација да тече непречено. Вели дека во моментов согласно количината на вакцини што ја имаме капацитетите на вакциналните пунктови не се целосно искористени.

Додека здравствената криза е во тек не може да се дозволи да работат рестораните за свадби. Лани веќе ги поддржавме, но  имаме еден проблем со нив, а тоа е дека не можат да се одвојат од останатите, бидејќи мал број од нив се категоризирани според категоризацијата на Министерството за економија, посочи денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Веќе почна да се гласа за законите од четвртиот и од петтиот сет на економски мерки за поддршка на стопанството и граѓаните од пандемијата со коронавирусот, а со амандманско решение на компаниите им се дава можност до 15 април да аплицираат за мерката за поддршка на платите на вработените за февруари и за март, најави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

Министерот за здравство Венко Филипче очекува за две недели жителите на Шуто Оризари да добијат матичен лекар и матичен гинеколог. Како што рече денеска Филипче, во Шуто Оризари ќе има поликлиника со тимови на лекари и медицински сестри, а аплицирала приватна здравствена установа.

По разгледување на ставот на Одборот на Европската агенција за лекови (ЕМА) во врска со безбедноста на вакцината на „Астра Зенека“, донесовме став во нашата земја таа вакцина да не се дава на лица помлади од 60 години, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче. Додаде дека околу 15.500 граѓани се вакцинирани со „АстраЗенека“.

Започна вакцинацијата на наставниот кадар во основното образование од прво до трето одделение, како дел од масовното вакцинирање во салата „Борис Трајковски“. Вакцинацијата на наставниците започна од вчерашниот ден и продолжува во наредниот период.

Потпишан договор за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Универзитетот ФОН за дообразование на вработените во МВР. На средбата беше заклучено дека интензивирањето на соработката меѓу двете институции е  посебно значајно за развој на сегментот на дополнително образование и обука на припадниците на полицијата.

М. Миткоска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Спасовски: Мицкоски работи против државата, наместо да пријави кај органите, тој детали од акцијата сподели со јавноста

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk