ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Премиерот Заев со честитка за Меѓународниот ден на Ромите: Стратешките определби за Ромите, се и државни цели

April 8, 2021 10:24
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев упати честитка по повод 8 април Меѓународниот ден на Ромите.

„Денеска одбележуваме 31 година од прогласувањето на 8 април за Светски ден на Ромите од страна на Обединетите нации. Важни јубилеи за Ромите оваа година се и 50 години од одржувањето на првиот Светски конгрес на Ромите во Лондон, како и 20 години од впишувањето на Ромите во Уставот на нашата држава“, истакнува Заев во честитката.

Премиерот нагласува дека денеска се потсетуваме на досегашни конкретни политики и мерки од непосреден интерес за ромската заедница, преку кои им се подобрија можностите за еднакво учество со останатите заедници.

„Имаме политичко преставување на Ромите во Владата, во мојот кабинет, во Парламентот, во институциите. Пропорционалната застапеност треба да продолжи да се рефлектира и во останатите ешалони на централната и локалната власт.

Продолжува процесот на подготовка на новата десетгодишна Стратегија за Роми согласно Европските рамки, која треба да ја отслика реалната слика на Ромите во нашата држава, но и да обезбеди конкретни мерки за да имаме позабрзана интеграција на Ромите.

Во 2021 година за имплементација на Стратегијата за Роми и Стратешките планови од приоритетните ресори за директни, таргетирани и генерални политики се планирани околу 1 милион евра.

Со новиот Оперативен план за активни мерки за вработување имаме таргетиран пристап за ромската заедница, во кој планирани се 565 лица или 10% од вкупниот број на корисници, во пет програми за активација на пазарот на труд.

Креиравме долгорочна мерка за економско зајакнување на ромската заедница преку Мечинг фонд за претприемништво за Роми. Креираме револвинг фонд од 2 милиони евра за кредит со поволна каматна стапка за ромските претприемачи за формализација на нивната дејност и за унапредување на бизнисот.

Донесовме Закон за неевидентирани лица во матичната книга на родените, со што се решаваат проблемите на 680 сограѓани Роми.

Во тек е Предлог-законот за продолжување на процесот на легализација, преку што нашите сограѓани Роми имаат можност да добијат документи за сопствеништво на своите живеалишта, како чекор кон подобрување на условите за домување и подобрување на инфраструктурата во Ромските населби.

Во соработка со Делегацијата на ЕУ, се реализира проектот за обезбедување на типски куќи, наменети за социјално домување. Проектот започна во Кочани, а ќе бидат опфатени и Виница, Велес, Шуто Оризари, Штип, Прилеп и Битола.

Ромите се нашиот потенцијал кој треба да се стимулира и да расте. Стратешките определби за Ромите, се и државни цели. Ромите во Република Северна Македонија имаат потенцијал да го предводат прашањето на сопствената интеграција и да бидат пример за останатите во регионот.

Честит Меѓународен ден на Ромите! Bahtalo o 8 April – e Romengoro Maškardžijaneskoro Dive!“, стои во честитката од премиерот Зоран Заев за Меѓународниот ден на Ромите.

 

Next Post

Во Прилеп одбележан Меѓународниот ден на Ромите (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk