ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи, Николовски и Бочварски извршија увид на изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка

April 9, 2021 12:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерите за економски прашања и за борба против корупцијата и криминалнот, одржлив развој и човечки ресурси, Фатмир Битиќи и Љупчо Николовски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска извршија увид во градежните активности на експресниот пат Ранковце -Крива Паланка, во близина на селото Т’лминци.

Патот е поделен на две делници во вкупна должина од 25 километри и ќе биде широк 12,5 метри со по една лента за возење и по една за застанување. Финансиите се обезбедени преку кредит од Светската банка.

Вицепремиерот Битиќи изјави дека само во севереоисточниот дел од нашата земја, во патната и железничката инфраструктура, има проекти во вредност од 700 милиони евра, кои ги опфаќаат изградбата на овој експресен пат,  проширување на патот од Крива Паланка до Деве Баир и рехабилитација на патот од Куманово до Страцин, но и изгрдабата на пругата од Куманово до границата со Бугарија.

Тој потенцира дека активно се работи и во западниот дел од Коридорот 8, каде веќе е во изградбата автопатската делница Кичево – Охрид во вредност од околу 600 милиони евра, а во план е и изградба или целосно реконструирање на автопатско решение за Ќафасан – Требеништа и Тетово – Кичево.

Вицепремиерот Николовски рече дека експресниот пат Ранковце – Крива Паланка опфаќа две делници, кои и во услови на пандемија и во потешкотии се градат повторно со зголемена динамика.

– Тоа се овие две делници, од Ранковце – Крива Паланка, како и доизградбата на третата лента на државниот пат Крива Паланка – Деве Баир, која почна пред повеќе месеци. Вкупната вредност на овие три делници од овој регион е околу 70 милиони евра. Овој инфраструктурен проект, како дел од Коридорот 8 е од исклучително значење за регионалното поврзување и соработка, но и развојот на меѓународната трговија, рече Николовски.

Министерот Бочварски нагласи дека се работни за многу значајна патна артерија во североисточниот дел од земјава на Коридорот 8. Вкупната инвестиција на овој експресен пат од 25 километри е 58 милиони евра со што, како што рече, се овозможува голем економски потенцијал за овој дел од државата.

– Само на оваа делница на која присуствуваме денеска инвестицијата е над 30 милиони евра. Делницата е од Крива Паланка до Глобочица, рече Бочварски.

извор: МИА

Next Post

Бесими – Бјерде: Заздравување на економскиот раст преку „План за финансирање на економско заздравување и забрзан раст“

НАЈНОВО

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

Mузичката елита ќе пее во чест на маестро Кире Костов, гала концерт во НОБ на 11 ноември

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk