ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Бизнисот „ги турка“ малите хидроцентрали, еко-активистите бараат задолжителни студии за влијанието врз животната средина

April 9, 2021 16:34
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
ФОТО: Мета.мк

ФОТО: Мета.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Значајно е производството на електрична енергија од малите хидроелектрани, како обновлив извори на енергија. Но, дали треба да се зголемува и фаворизира нивната застапеност, ако се има предвид дека со изградбата на малите ХЕЦ се влијае штетно врз животната средина?

Колку еколошките здруженија упорно апелираат да се стопираат започнатите градби и најавените проекти за мали ХЕЦ, толку повеќе надлежните посочуваат дека тие се најисплатливата варијанта за добивање на чиста енергија и оттаму нивниот број треба да расте.

На прес-конференцијата на тема „Придобивките од малите ХЕЦ како еден од најефикасните извори и најзначаен обновлив извор на енергија и нивното социо-економско влијание во државата“ претсевници на бизнис секторот и на МАНУ тврдеа дека реализацијата на повеќе вакви инвестиции и проекти ќе придонесе за забрзување на процесот на енергетската транзиција, што е еден од приоритетите на Владата, даден во Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година. Прес-конференцијата ја организираше Групацијата за обновливи извори на енергија при Стопанската комора на Северна Македонија.

Според Александар Дединец од МАНУ, малите ХЕЦ заедно со другите ОИЕ, „се значајни во процесот на енергетска транзиција и се императив за раст на економијата, социјалата и зачувувањето на животната средина“.

Дединец вели дека, според Зеленото сценарио во Стратегијата за енергетика, до 2040 година 95 отсто од инсталираните енергетски капацитети треба да работат на ОИЕ, а 42 отсто од нив да бидат мали ХЕЦ.

Тој смета дека во наредниот период треба максимално да се искористат сите потенцијали во државата од ОИЕ, а малите ХЕЦ, според Дединец, се најисплатлива варијанта во вака поставениот енергетски систем.

„Тие ги намалување стакленичките гасови и произведуваат чиста енергија, без ЦО2. Моменталната редукција на ЦО2 е 418.204 тони годишно во воздухот“, вели Дединец од МАНУ.

Тој посочува дека во мали ХЕЦ до 2040 година, Стратегијата предвидува да се инвестираат 1,2 милијарди евра.

„Новите инвестиции (без ХЕЦ „Чебрен“) ќе создадат и потенцијал за отворање на 2.500 работни места и локален и регионален раст и развој“, вели Дединец.

Самоил Целески, од ЕМК „Мали хидроелектрани“ смета дека во јавноста имало многу забелешки и реакции од граѓански здруженија околу изградбата на мали ХЕЦ во заштитени подрачја. Добар дел од нив, според него, не биле оправдани „бидејќи, градежниот опфат за мала ХЕЦ не преминува површина од 3 хектари, а природата за 5 години успева да се врати во претходната состојба“.

Според него, придобивките од малите ХЕЦ се многу позначајни, во смисла на збогатување на воздухот со кислород и намалувањето на глобалното затоплување, при што го посочи примерот со Словенија, каде се изградени за 4 пати повеќе мали ХЕЦ отколку во нашата земја.

„Со почитувањето на добри градежни практики, воспоставување на патеки за риби, заштитни градежни објекти, пошумување и почитување на законите, штетите можат да се сведат на минимум“, рече тој.

Сосема спротивни агрументи во врска со изградбата на малите ХЕЦ имаат од здружението „Еко-свест“, од каде посочуваат низа факти за штетноста на ваквите зафати.

„Со ваквите проекти се прават прегради на природните реки, а на една река може да се изградат повеќе брани кои го оневозможуваат природниот тек. При изградбата се градат пристапни патишта и се расчистува теренот, се сечат шуми што е фрагментација на шумскиот екосистем. Има и загуби на биодиверзитет, и често пати нискиот водостој, по зафатот, ги истребува значителните ретки, загрозени ендемични видови. Вака се уништува поволниот еколошки статус на реката и речниот предел“, велат од „Еко-свест“ за Мета.мк.

Додаваат дека, со изградбата на ХЕЦ се врши трајна геоморфолошка промена на теренот, како и дека реките по зафатот имаат мало количество вода и се суви, со што се уништува еколошкиот статус.

Поради градежните активности при изградба, пределот се видоизменува и најчесто не се враќа во првобитната состојба, нема пошумување или мерки против ерозија, што може да доведе до свлечишта и дополнителни штети.

„Сѐ уште нема соодветна законска рамка за еколошки проток на реките со која ќе се спречи пресушувањето и уништување на екосистемите од функционирањето на малите ХЕЦ“, вели за Мета.мк директорката на „Еко-свест“, Ана Чоловиќ Лешоска.

Таа додава дека наместо елаборати за животна средина, државните органи треба да ги обврзат инвеститорите на овие проекти да изработат студии за оцена на влијанието врз животната средина, со што ќе се предвидат соодветни мерки и ќе се обезбеди учество на јавноста, што не е случај во моментот.

Чоловиќ Лешоска потенцира дека граѓаните плаќаат за субвенции на производителите на струја од малите ХЕЦ кои во најголем дел завршуваат кај истите.

„На оваа технологија не ѝ е потребна поддршка и субвенциите треба да одат за почиста енергија, од сонце и ветер“, посочува Чоловиќ Лешоска.

извор: МЕТА.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Лукароска: Со ВМРО-ДПМНЕ Прилеп не е безбеден град – граѓаните не се чувствуваат сигурно ниту дома, ниту надвор

July 15, 2025

Минчев – Рокас: Јасна заложба за доследна и транспарентна имплементација на реформските закони за администрацијата

July 15, 2025

Јубилејното 20 издание на „Астерфест“ од 4 до 8 август, лауреат Милчо Манчевски

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од денеска сите државни институции можат да дојдат до возилата кои што се привремено или трајно одземени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk