ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Следната недела ќе се вакцинираат вработени во обвинителството, судовите, инспекциските служби и новинарите, вакцинацијата нема да прекине

April 10, 2021 09:18
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Сала „Борис Трајковски“, Скопје. Вакцинален пункт.  Фото: МИА

Сала „Борис Трајковски“, Скопје. Вакцинален пункт. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Идната недела се очекува да заврши вакцинацијата на останатите приоритетни групи од т.н. критична инфраструктура – луѓе кои имаат многу контакти во работата. Во најголемиот пункт, салата „Борис Трајковски“, од понеделникот со вакцини „Спутник“ се имунизираат припадници на војската и полицијата, здравствени работници, наставници од прво до трето одделение и воспитувачи во градинките. Следната недела ќе бидат вакцинирани вработени во обвинителството, судовите, инспекциските служби, новинарите и медиумските работници, најави вчера министерот Венко Филипче, соопштувајќи дека досега се вакцинирани 18.261 граѓанин.

Паралелно тече и вакцинацијата на лица над 77 години со вакцината „Астра Зенека“ во пунктовите во здравствените домови низ земјава. Како ќе стигнуваат нови дози, ќе се спушта и старосната граница за да бидат имунизирани што поголем број граѓани и да се достигне опфат од 60 до 70 отсто за колективен имунитет.

Во гостување во „Само интервју“ на ТВ Канал 5, Филипче рече дека според најавите, овој месец се очекуваат околу 300.000 дози:  200.000  на „Синофарм“ од Кина, околу 11.000 од директниот договор со „Фајзер“, 25 илјади вакцини преку трипартитните договори со земјите членки на ЕУ, нова количина од руските „Спутник“ и останатите дози на „Астра Зенека“ преку Ковакс-системот.

Вакцинирањето нема да прекине, рече Филипче, има дози за следните три недели со „Астра Зенека“. Распоредите се прават за недела-две и за пунктовите низ земјата, и за спортската сала.  Оцени дека системот е добро поставен и функционира, се става акцент на постарите, а при приоритизацијата на групите за вакцинација е земено предвид  епидемиолошката состојба во земјава и широката распространетост на вирусот.

– Сега се вакцинираат 3.000-4.000 дневно. Нашиот план е помеѓу 7.000 и 10.000 на ден – седум илјади е оптимална бројка, а 10.000 во максимална оптовареност на системот. Тоа е добра динамика за нашата земја. Апелирам да се пријават сите на сајтот вакцинајија.мк или преку матичните, така системот ќе ги генерира приоритетите по возраст и, евентуално, коморбидитети. Битно е да покажат интерес за вакцинација и само така ќе постигнеме колективен имунитет за што пократко време. Како ќе се зголемува достапноста на вакцините, ќе се зголемува и бројот и ќе расте и заинтересираноста, рече Филипче.

Нагласи дека сите се развиени на безбедни платформи, нема контраиндикација од ниту една вакцина во однос на болести или состојби, освен она што бордот на Европската агенција за лекови (ЕМА) го утврди за „Астра Зенека“ – дека има поврзаност со тромботични ефекти кај помлади лица, веројатно поради хормонална активност, а за која ставот на нашата земја е да не им се дава на лица под 60 години. Многу е поголем бенефитот од вакцинацијата, рече министерот, споредено со ризикот да се заболи од тешка форма на КОВИД-19.

Масовна вакцинација во салата „Борис Трајковски“ во Скопје Фото: МИА

Филипче посочи дека треба да се вакцинира секој, без разлика дали има или нема антитела и дали коронавирусот го поминал со или без симптоми.

– Три до четири месеци по прележана болест треба да се вакцинира. Има различни препораки дали треба само со една или со две дози, тоа  варира од вакцина до вакцина. Здравствените работници тоа го следат и согласно со тоа, тие ќе вакцинираат. Тоа е единствен начин да се смени сликата на епидемијата. Аплелирам на масовна вакцинација, апелирам и до опозицијата да престане со антикампањите зашто сериозно може да го наруши процесот на имунизација, нагласи Филипче.

На прашањето дали чувствува одговорност за доцнењето на вакцините, тој во ТВ-интервјуто одговори дека од ноември интензивно се работело на нивна набавка, било пристапено кон сите можни извори за да се обезбедат – од Ковакс-механизмот, за кој рече „многу повеќе верувавме да биде брз и ефикасен“, до директни разговори од производителите. Причината за доцнењето, рече, е во недоволното производство, големиот пласман на вакцини во САД, со што се изјаловиле првичните планови и за земјите од ЕУ кои и за себе не добиле вакцини колку што очекувале.

–  Голем проблем е сè уште достапноста поради недоволното производство, каде било во светот, освен Србија која е исклучок. Ние направивме буквално сè, сите механизми и сите обиди. Работевме интензивно, секојдневна комуникација сите овие месеци, додаде ресорниот министер.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Утре доделување на филмските награди „БАФТА“, фаворити „Normanland“ и „Rocks“

НАЈНОВО

Шпанскиот премиер побара Израел да биде исфрлен од меѓународниот спорт

September 16, 2025

Завршна декларација од Доха: Итнo прекин на агресијата врз Палестинците и санкции за Израел

September 16, 2025

Фондацијата „Никола Кљусев“ го организира регионалниот собир за кинеско-балканските односи

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk