пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Кога некој ќе потклекне, ќе се јават општествените паразити кои на трагедијата на жртвата ќе го градат својот хиенски капитал. Неретко, таквите ќе ги примаат и во владата, давајки му легитимитет на лешинарењето, а со правење на привид на грижата, го продолжуваат векот на туморниот систем во кој најлошите имаат право на сè: на децата и нивните животи, на уживањата во нивната смрт, на толкувањето на вистината како им одговара, на присвојувањето на заслугите во трагедиите во кои се вреска за правда, на извикувањето на шупливи фрази во ничие име, освен во име на сопствената корист, на претворањето на полусветот во светски тренд на осакатениот демон, на пребројување на крвните зрнца на жртвите…
Ова е парче од феноменалната колумна на Горан Геровиќ во „Вечерњи лист”. Од написот може да се заклучи дека Геровиќ од Загреб, не само што нема никаква роднинска врска со Геровски од Скопје, туку и вредносно и стилски припаѓаат на различни вселенски формации, Горан на најсветлата галаксија, а Кикифрики на најмрачната црна дупка.
Текстот е комплексен и се занимава со повеќе актуелни теми во Хрватска, меѓу другото и со смртта на двегодишното девојче што го претепаа родителите во Нова Градишка.
Но, анализите и пораките се универзални.
Македонските паразити го градат својот хиенски потенцијал на милион начини, јадат сè мртво, а живото чекаат да умре или да биде усмртено. Просто е неверојатна нивната изобретателност во експлоатацијата на една трагедија, каква што е, да речеме, пандемијата. Нивната грижа за здравјето е цинична парада на заумноста во која тие не забележуваат дека ние забележуваме дека тие се на страната на смртта, дека тоа е смислата, идејата и логиката на нивната позиција. Дека тука нема потреба од никакви докази. Дури и од докажување дека докази нема. Од Кикфрики унд Калајџифики. Тие од мртвите прават скалила по кои мислат дека ќе се качат на тронот на власта. Но, на врвот на мртвите е смртта. Бе, другари.
Таму нема власт.
Нема ниту држава.
Нацртале 4.102 црни срца на Кејот на Вардар.
Злобниците велат дека им останала боја, па сега чекаат да умрат уште пет-шест илјади души, да не би да ја фрлат фарбата во реката и да предизвикаат помор и на рибите. Макар што и тој помор би знаеле да го искористат.
На 25 април ќе прават Семакедонски собир за ослободување на пучисистичките уставобранители, при што се надеваат дека Чафков и другарите ќе ги доведат на кафе во “Мериот”, а по пат ќе обезбедат доволно мртви за нови срциња на Кејот.
Пред некој ден на Фејсбук напишав дека се надевам дека сите што ќе се соберат на Семакедонскиот народен собир, ќе испоцркаат во најстрашни маки, дека на Семакедонскиот народен собир нема да има жива душа, односно дека кучињата скитници ќе бидат мнозинство, дури и ако во колоната шета еден единствен пес, дека семакедонството е смртоносна опасност со заебантски изгледи, дека семакедонството е како корона без протеини, дека живите од семакедонството се мртви уште пред да се соберат.
Фасцинантно е како не мал број на луѓе, секој ден, во секој поглед напредуваат во таа опчинетост од исчезнувањето како цимџонски спас. При што пет-шест лудаци тоа им го прикажуваат како патување во рајот. А малку повеќе лудаци во Академијата на неуките и влошките, на унизверитетите и во медиумите, речиси без исклучок, се нафаќаат да ја сервисираат смртта под кодното име вмро.
Не можам да разберам.
Разбирам дека тие се надеваат дека ќе бидат нешто во Македонија под вмро, но не разбирам како не разбираат дека не може да има Македонија под вмро. Како што не може да има диско за мајмуни на сто метри под површината на океанот. Невер. Нивната надеж е иста со надежта на ковидот дека ќе ужива во Македонецот што го убива.
Секој божји ден му плукаат на Филипче под џамот.
Мала пауза направија кога требаше да се извлекува од прегратките на смртта лудиот лидер на злосторничката инсталација.
Шират паника, очајување и хаос.
Протестираат пред Министерството.
Го осудуваат за смртноста.
Шират недоверба во системот.
Кој, се разбира, не е совршен, но во вонредни ситуации се чува како зеница во окото.
Нивното поведение не е поведение кои инсистира на корекции и подобрувања, туку на колапс, колапсот на системот е цел, а не ситуација од која тие сакаат да нè спасат, тоа е поведение на толпата која влегува во болничката соба, ги крши апаратите и ги брка лекарите и сестрите барајки оставка од министерот без да забележи дека во креветот агонизира Жмицко. И дека на ред за лечење им чекаат родителите и децата.
Ако Исус не е во состојба или не сака да ја расчисти оваа глутница хиени, еве, прифаќаме со ковидот сами да се тепаме, подобро да не воскреснува. Лани не заеба. Толку надежи полагавме во неговата победа над смртта што останавме паф, кога забележавме колку е себичен. Испаѓа дека тој, всушност, ја победил сопствената смрт, но за нашата го боли курот.
Можеби е греота на толку жртви да се каже нешто добро, но јас мислам дека токму поради тоа треба да се каже и, еве, тука, со помош на мојот пријател Симиќ, сакам да ја цитират Емили Дикинсон од 1867 година: Да бил Господ тука, и да видел тоа што го гледам јас, сигурно би помислил дека неговиот рај е одвишен.
Да, да, другари, Македонија е рај, а вие сте жртва на пеколот.
Или, макар, на пеколната пропаганда.
Знете ли дека кога говното би вредело некој денар, сиромашните би се раѓале без дупе.
Ете зошто Македонците имаат газиња, а вмро не вреди пет пари.
Хахаха!
Текстот е личен став на авторот. Сите права се задржани