ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски за МИА: Ќе се контролира имотната состојба и сопственички удели на дел од јавниот сектор

April 11, 2021 14:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Преку воведување на законска обврска за пријавување на имотната состојба и сопственичка структура, на службени лица вработени во јавниот сектор со посебни овластувања, инспекторите, царински службеници и сите раководни административни службеници, ќе се оневозможи злоупотреба на службената должност и можноста за искористување на својата положба за прибавување на имотна корист, вели заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба протов корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, во денешното интервју за МИА.

Вицепремиерот Николовски, појаснува дека овој модел веќе го користат дел од странските држави.

„Со тоа никој нема да може да го сокрие својот имот и да се богати на грбот на граѓаните и државата. Сличен модел на широк опфат на пријавување на имотна состојба и судир на интереси има во Романија, Литванија и Грција, и истото се има покажано како навистина ефикасен модел. Преку воведување на законска обврска за пријавување на имотната состојба и судир на интереси односно сопственичка структура, акции и удели во трговски друштва на службени лица вработени во јавниот сектор со посебни овластувања, инспекторите, царински службеници и сите раководни административни службеници, ќе се оневозможи злоупотреба на службената должност и можноста за искористување на својата положба за прибавување на имотна корист, нанесување на штета или друг начин на влијание со кое службеното лице стекнува некаква корист за самиот себе или за него блиски лица“, посочува вицепремиерот Николовски.

При тоа, Николовски во интервјуото потенцира дека иако Планот за борба против корупција е усвоен, и понатаму се следат домашните и странските извештаи на тема корупција и криминал, се разгледуват странските искуства во однос на мерките и стратегиите. Планот кој содржи 18 системски мерки, нови начини и соодветни механизми за спречување и искоренување на корупцијата, и е продолжение на она што започнавме да го работиме пред шест месеци, додава Николовски.

Планот за борба против корупцијата е проект подготвен врз основа на препораки и предлози од надлежни институции, од објавениот јавен Повик за доставување на предлози од страна на невладини организации минатиот месец, од независните тела, како и врз основа на релеватните домашни и странски извештаи.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: МИА

Ер трактори ќе го гаснат пожарот помеѓу Желино и Еребино, затворен за сообраќај регионалниот пат Тетово – Скопје

July 19, 2025

Шукова: Скопје мора да се врати на скопјани – ова не е само кампања, ова е враќање на духот на градот

July 19, 2025

Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“

July 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонското здравство недостигаат 6.000 медицински сестри, тврди Унијата на здруженија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Словенија легализираше потпомогнато самоубиство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk