ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Календар на даночна регулатива – нова алатка на МФ за зголемена транспарентност и предвидливост во бизнис-околината

April 12, 2021 10:27
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за финансии на својата веб-страна го објави Календарот на даночна регулатива – нова алатка за транспарентност и поголема предвидливост на бизнис климата во земјава, информираат од Министерството за финансии.

Како што стои во соопштението во Календарот објавени се сите планирани промени на даночната регулатива до крајот на годината. Целта е да се информира бизнис-заедницата, како и јавноста, за да може поефикасно и поефективно да ги планираат своите активности во текот на годината.

-Новата алатка е и во правец на барањата на Стопанската комора на Северна Македонија за утврдување на Даночен календар, односно да се даде грејс-период од усвојување на даночната регулатива до нејзината примена. Ќе се оди кон одложена примена на законите од даночната регулатива, кои ќе се носат во текот на годината со најмалку шест месеци помеѓу усвојувањето на законот од страна на Владата до неговата примена. Така законите кои ќе се носат во текот на годината ќе влегуваат во важност од 1 јануари следната година, или пак, опционо, 1 јуни во текот на следната година, со исклучок и порано ако станува збор за даночни олеснувања или доколу се укаже неопходно од други причини, но со однапред утврден, транспарентен и инклузивен процес. На овој начин фирмите полесно ќе можат да ги прават финансиските планови, стои во соопштението.

На Календарот на даночна регулатива најавени се измени на 15 законски и подзаконски акти во текот на годинава. Меѓу нив е измената за Законот за данок на додадена вредност во насока на понатамошно усогласување со Директива на ЕУ во делот на утврдување на место на вршење на промет на услуги, воведување на терминот даночен застапник, овозможување доброволна регистрација за ДДВ обврзник во текот на целата година и анализа за зголемување на прагот за задолжителна регистрација за ДДВ.

Предвидени се и измени на Законот за данокот на добивка во насока на зголемување износот кој ќе се третира како признат расход за даночни цели од регресот за годишен одмор, анализа за доуредување на начинот на пренос на загубите на терет добивките во иднина и поедноставување на одредени процедури при отпис на материјалните и нематеријални средства.

извор: МИА

Next Post

Изјава на министерот за здравство Венко Филипче (во живо)

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk