ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Бан Ки-мун никогаш не рекол: „Немојте да се самоукинувате поради Грција“

April 13, 2021 20:50
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пост од 2019 година повторно станува вирален во интернет-просторот на македонски јазик со целосна лага дека поранешниот генерален секретар Бан Ки-мун апелирал до Македонците „да не се самоукинуваат поради Грција“

Пост со фотографија на поранешниот генерален секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, на која е напишан наводен апел на секретарот до Македонците во однос на поранешните преговори со Грција за надминување на спорот за името, стана повторно многу вирален (погледнат, споделуван, лајкуван), во последните два-три дена, иако е поставен на „Фејсбук“ во јануари 2019 година.

Врз фотографијата на Бан Ки-мун е испишан наводниот апел до Македонците:

НЕМОЈТЕ ДА СЕ САМОУКИНУВАТЕ ПОРАДИ ГРЦИЈА

Ваквиот наводен апел на поранешниот генерален секретар на ООН е ЛАГА. Пребарувајќи дали постои таква изјава, „Вистиномер“ дојде до следните факти:

Станува збор за веќе разобличена невистина која се појавила во медиумскиот простор непосредно пред референдумот за промена на името на Република Македонија на 30 септември 2018 година, односно на 9-ти и 10-ти септември таа година, кога Бан Ки Мун наводно допатувал во посета на земјата, во Охрид, по покана од поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Медиумите што тогаш ја пренеле наводната изјава на Бан Ки-мун, се повикуваат на телевизија „Канал 5“, но изворно, изјавата ја нема, туку само прераскажување од страна на телевизијата што наводно рекол Бан Ки-мун, a ја објавиле само неколку непознати медиуми (без импресум), меѓу кои „Медиа 24“ и „Њуз 24“…, а ден подоцна и познатиот „Инфомакс“ со наслов: ЛАДЕН ТУШ ЗА ЗАЕВ ОД БАН КИ-МУН: Генералниот секретар на ОН порача дека македонците имаат право на самоопределување и самоименување, а тоа е загарантирано универзално право според Обединетите Нации

Длабинско пребарување на сајтот на „Канал 5,“ како и на интернет за наводната посета на Бан Ки-мун во Охрид во септември 2018 година, покажува дека таква посета и таква изјава нема. Постојат изјави што говорат дека тој се надева на скорешно завршување на спорот, исто така постојат изјави дека тој лично ќе се заложи кај грчките власти и во ООН за надминување на спорот, при што во истиот извиштај има и аудиоснимка од прес-конференцијата на Иванов и Бан Ки-мун. Но, сите овие се ОД 2012 ГОДИНА!

Лагата од 2018 година се открива практично преку порталот МКД.мк. Во архивата на овој портал може да се најде цитиран коментарот на „Канал 5“ за посетата на Бан Ки-мун, но овој пат во 2012 година за време на официјалната посета на РМ, при што покрај разговорите во Скопје со тогашниот премиер Никола Груевски, тој отпатувал и во Охрид, каде што се сретнал со тогашниот претседател Иванов (види тука).

Единствен сличен навод како прераскажување на наводната изјава на Бан Ки-мун на интернет може да се најде на Ohridlive.com при што во извештајот за средбта во 2012 година се вели дека генералниот секретар во изјава наводно рекол:

Мојата порака до вас е, никогаш не правете компромис кога се работи за принципи, универзално воспоставени принципи. Никогаш не треба да правите компромис. Јас никогаш не правам компромис кога станува збор за човекови права, основни човекови права и човечки дигнитет. Обединетите нации никогаш не прават компромис.

Како и да е, овие лаги на медиумите во 2018 година доведоа до пост (има и други постови) во јануари 2019 година, кој во последните 24 часа во моментов на рецензијата бил виден 1.300 пати, над 20 илјади пати во изминтите 3 месеци, а вкупно е споделен 180 пати. Тоа значи дека лагата во постот е сѐ уште прилично вирална и тоа беше причина што „Вистиномер“ се реши да ја разобличи уште еднаш, покрај тоа што е веќе сторено од медиумските проекти на „Метаморфозис“ пред две години.

 

Извор вистиномер.мк

 

 

 

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Николоски: Сериозно се разговара со Велика Британија да бидат ослободени од визи три категории на граѓани

June 19, 2025

(ВИДЕО) Инцидент во Советот на Општина Кочани, повредена службеничка

June 19, 2025
Фото илустрација. Генерирано со ВИ

Американскиот напад врз Иран би донел ризици на секој чекор

June 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеска морнаричка вежба во близина на Јапонија предизвика загриженост и негодување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk